|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Етичките стандарди и одговорноста во граѓанското општество
Категорија: Х пленарна сесија Датум: 30.10.2002 Час: 11.30-14.00 Сала: А Капацитет: 180 седишта Работен јазик: македонски и англиски јазик Опрема: видео бим слајд проектор графоскоп бела табла
Краток опис на темата Прашањата на одговорноста и транспарентноста на граѓанското општество се занемарувани врз основа на сфаќањето дека тоа се подразбира. Во последните десетина години на меѓународно ниво се започнати повеќе активности за подобрување на одговорноста. Најголемите НВО формираат управна група за хуманитарна помош која ги развива Правилата за однесување (Цоде оф цондуцт). Донесени се СПХЕРЕ стандарди. Во 2000 година започнат е пробен период на Хуманитарниот Омбудсман. Тоа се меѓународните случувања. На домашен терен постојат одредени локални или тематски иницијативи, но не и национални. Какви искуства постојат во Македонија? Кои се потребите? Дали треба да се иницира процес за развој на стандарди за работа и правила за однесување за граѓанскиот сектор како целина? Како да се поттикнува работа заснована на највисоки етички стандарди на одговорност и на домаќинско работење?
Фацилитатор / Модератор м-р Слаѓана Тасева, Извршен директор на Транспарентост-Македонија
Воведничари 1. Келменд Зајази, програм офицер во ЕЦХО
2. Самет Скендери , член на претседателство на ХДЗР Месечина
3. Катерина Блажевска (тдп), новинар во Дневник и претседател на Советот на честа на Здржение на новинари на Македонија.
4. Александар Кржаловски, координатор на програма во МЦМС
5. Петер Низак, програмски директор на Фондацијата за развој на граѓанското општество, Унгарија
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|