Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Погледи

   

Луција Поповска

Човекови права, ad libitum

Кога бев почестена со понудата да напишам нешто за третото издание на Граѓански свет, низ главата ми поминуваа теми како: обука и трансфер на знаења и вештини, Европа и што таа ни значи нам и на нашето граѓанско општество, градењето заедници во Македонија и слични размисли. Случувањата во Македонија во изминативе неколку недели наметнуваат и повикуваат на нешто друго. Човековите права, уште еднаш, и во најразлични интерпретации на разни поединци и групи, повторно стануваат горечка тема - тема на која сите се повикуваат, објаснување и оправдание за сите (не)логичности кои ни се случуваат, причина и последица за последнава балканска ad libitum варијација на таа иста тема. Мојот мал придонес се неколку размислувања на избрани (исклучиво според мојот вкус!) членови од Европската конвенција за човекови права...

Сечие право на живот ќе биде заштитено со закон. (Член 2)

Животот е на прво место. Треба да сме, нели, прво живи, за потоа да ги реализираме нашите права. Кога вака ќе се каже, звучи смешно, банално и тривијално, зарем не? По се изгледа, и не. Повикувањето на оружје во име на заштита и реализација на истото ова, меѓу останатите права, изјавите од типот „Ќе има жртви на обете страни?” дадени преку медиумите од оние од нас кои изминативе десет години се залагаат токму за човековите права, изгледа ме демантираат. Затоа и си дозволувам вака наивно и едноставно да го интерпретирам овој член. Прво, значи, треба да бидеме живи. Второ, и потоа, тој живот треба секому да му го обезбедиме со закон. Да има закон, значи да има институционален систем во кој законот ќе се создава и ќе се спроведува. И ќе се унапредува и зајакнува. А не значи оружје, жртви и беззаконие. Јас барем сум уверена во тоа.

Никој нема да биде изложен на мачење или на нехуман или деградирачки третман или казна. (Член 3)

Никој значи - никој. Ниту едно човечко суштество, без оглед што сторило, не смее да биде измачувано на кој било начин поради тоа од ниту едно друго суштество, институција или систем. Тоа се однесува на затворите, полициските станици, касарните, психијатриските болници. И се однесува на сите луѓе - без оглед на нивниот статус, пол, етнос, вера, уште повеќе, без оглед на нивната вина или невиност пред законот. Многу едноставно, всушност го кажав со првата реченица - никој, тоа значи ама баш никој.

Секој има право на почит за неговиот приватен и семеен живот, неговиот дом и неговата преписка. (Член 8)

Луѓето од Македонија, само во изминатиов век, во доволен (ах, иронија!) број примери го почувствувале или посведочиле погромот на прекршувањето на ова право. Доволно е само да се погледаат фотографиите на бегалците од Егејска Македонија, Босна или Косово. Треба ли нешто и да се каже? На граѓаните на Тетово, без разлика кои се, јас не би можела да им кажам ништо повеќе...

Слобода на мисла, свест и религија. (Член 9)

Со правото на живот, се придружува и правото на мисла, свест и религија. Тоа подразбира слобода истите да се манифестираат и практикуваат. Подразбира и слобода истите да се менуваат по сопствена волја. Не подразбира истите некому да му се одрекуваат, или во име на истите некому да му се одрекува правото да се биде - правото на живот.

Слобода на изразување. Слобода на сопствено мислење. Слобода на примање и комуницирање на информации или идеи. (Член 10)

Не знам кој ќе ги прочита овие мои размисли. И не знам што тој читател ќе помисли за нив, дали ќе се согласи со мојот избор на овие неколку права за кои зборувам, ниту за моите коментари и мисли искажани за тие права. Сепак, токму ова право, ми овозможува да го кажам она што го мислам. И ми ја наметнува одговорноста за она што го кажувам - одговорноста да ги имам предвид почитта, достоинството и слободата на оние кои, можеби, мислат различно од мене. Се надевам дека и тие ќе ја преземат истата одговорност. Можеме барем, се надевам, да се согласиме да не се согласуваме. И да го почитуваме тоа.

Деновиве се наоѓам далеку од дома. Вестите за она што ни се случува ги следам на кабелска телевизија, на Интернет и ги дознавам низ меѓународни телефонски разговори. Тоа ме прави да се чувствувам беспомошна. Овој мал напис е мојот скромен обид да не ја занемарам личната одговорност во вакви моменти - моменти во кои личната одговорност за се што ни се случува е единствениот начин да го контролираме тоа.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Број 02 Март 2001
Број 02 Март 2001
Вовед
Настани
Календар
Публикации
Погледи
Форум
Претставување
Донатори
Избор
Број 01 Февруари 2002
 

©MCMS - designed by KOMA