Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Здравство

   

НАСТАНИ

 ЗДРАВСТВО

 ГРАДИНКИ ЗА ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ
Количките се повеќе – во заборав

Во светлата и пријатна занимална на градинката "Вера Циривири" во Штип, со бројни топки, слагалки, лежалки, лулашки и играчки расфрлани насекаде, сретнувате деца кои уште веднаш ви ги подаваат рачињата...


Пред две години, Републичкиот центар за помош на лица со ментален хендикеп, „Порака”, во рамките на ФАРЕ/Лиен програмата, почна акција за поддршка на семејствата со деца со ментален хендикеп. Со овој проект, „Порака” даде обмислена алтернатива за опфаќање на децата со посебни потреби во постоечките сервиси ВО 10 пилот-подрачја. Во новите групи работат по две волонтерки-мајки, обучени преку низа семинари и студиски престои надвор од држвава, за што добија и сертификат.
Во градинката "Вера Циривири" во Штип, згрижени се 10 деца, од кои седум со поголеми посебни потреби. Опкружени со разни меки  играчки, тераписки помагала, два тоалети, кујна, занимална и адаптирана тераса, децата радосно и безгрижно ги совладуваат првите чекори од долгиот процес на неопходната социјализација. За резултатите од работата на оваа група најдобро говори фактот што едно шестиполгодишно девојче, заболено од церебрална парализа, си посигурно чекори со своите ноџиња, оставајќи ја количката секој ден се повеќе - во заборав!
Според волонтерките, децата со нетрпение чекаат да дојдат тука, а преку викендите, затворени дома, стануваат дури и агресивни. Тука се отпуштени, играат без страв од повредување.
Тоалетите ги имаат сите услови за бањање. Секој има своја четкичка и сите ја совладале таа вештина - сами си ги мијат забите, а научиле да го користат и приборот за јадење. Во светлата и пријатна занимална, со бројни топки, слагалки, лежалки, лулашки и играчки расфрлани насекаде, сретнувате деца кои уште веднаш ви ги подаваат рачињата. Потребата за физичко "распознавање" е речиси нескротлива кај нив. Не дека морате, туку добивате несопирлива потреба да им возвратите макар со допир - за жал, целиот вокабулар за сите "други" кои најчесто и не знаат како овие дечиња ги осознаваат нештата. Се наметнуваат "инсерти" од темните занимални во Специјалниот завод во Демир Капија, како паралела на ова детско царство без огради, ладни ходници и стаклени паравани помеѓу спалните... Свет од кој децата во Демир Капија бесправно биле изземени со децении, засекогаш турнати таму поради негрижата, нехуманоста и сите оние предрасуди чиј единствен заеднички именител е - незнаењето.
Волонтерките не се согласуваат дека грижата за вакви деца мора да биде скапа работа. Идеите што ги виделе на семинарите ги увериле дека најважна е креативноста на родителите и на воспитувачите. Меѓутоа, фактот што сега, по две години, многу деца без хендикеп често ги посетуваат овие деца и играат со нив, не значи дека формирањето на оваа паралелка бил непречен и лесен процес. Се чини, родителите на овие деца самите ги засилуваат предрасудите - ги чуваат затворени во станови, без допир со надворешни лица, убедени дека самите најдобро умеат да ги воспитаат. Голем број семејства со вакви деца се недостапни и за директорката на градинката, и за социјалните работници кои немаат увид во вкупниот број деца со ментален хендикеп во градот. Чудно е што голем број од родителите не сакаат нивното дете воопшто некаде и да биде регистрирано или згрижено.
Во Скопје пак, група за деца со посебни потреби, со речиси идентична опрема - играчки и помагала - за жал е оформена само во градинката "25 Мај" во населбата Хиподром во која, поради локацијата, се опфатени само три-четири деца. 

Тања З. Станковиќ,
новинар во „Порака”


 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Број 05 Јуни 2001
Број 05 Јуни 2001
Вовед
Настани
Публикации
Календар
Форум
Погледи
Представување
Донатори
Избор
 

©MCMS - designed by KOMA