ФИООМ
Претставена Граѓанската платформа за мир и стабилност
Платформата ги претставува приоритетите на граѓаните на Македонија за одржување мир и потикнување на развојот на државата. Овој документ е резултат на јавните дискусии организирани во Скопје, тетрово, Велес, Прилеп, Кичево, Штип, Струга, Струмица, Битола и Куманово 11.09.2002
Гојко Ефтовски, новинар од Тетово, Славица Инџевска, заменик-директорка на ФИООМ и Исмет Балажи од Центарот за поддршка на НВО - Кичево
Фондацијата Институт отворено општество - Македонија, денеска во НВО инфоцентарот во Скопје одржа средба на која беше претставена „Граѓанската платформа за мир и стабилност„ - документ кој ги претставува приоритетите на граѓаните на Македонија за одржување мир и потикнување на развојот на државата.
Овој документ е резултат на јавните дискусии организирани во Скопје, тетрово, Велес, Прилеп, Кичево, Штип, Струга, Струмица, Битола и Куманово. Дискусиите беа водени околу документот „Приоритети наспроти приоритети„, изработен од невладините организации и стручни лица на Работилницата за анализа на приоритетите на граѓаните и на политичките партии за мирот и стабилноста на државава, која се одржа неодамна во Маврово.
„Граѓанската платформа за мир и стабилност„ е дел од истоимениот проект, ко-финасиран од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија и Британската влада, преку Министерството за надворешни работи од фондот за спречување конфликти.
„Овој документ е израз на граѓанските заложби за мир и стабилност во државата, на нашето одбивање да прифатиме да живееме во страв, на нашата осуда на нападите врз новинарите и НВО, на сеењето страв и пресии„, рече Славица Инџевска, заменик на извршниот директор на ФИООМ.
Претставниците на Нова демократија и ВМРО-Македонска ги примаат документите.
За документот зборуваа Гојко Ефтовски, новинар од Тетово и Исмет Балажи од Центарот за поддршка на НВО - Кичево. Документот им беше поделен на претставниците на двете политички партии кои ја прифатија поканата и присуствуваа на средбата - Нова демократија и ВМРО Македонска, а на останатите, им беше испратен преку Сити бајк.
(Текст: НВО Инфоцентар; Фото: МЦМС)
|