среда, 05 јуни 2013

english version

Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт

ПЕЧАТЕНО ИЗДАНИЕ
Последно издание
Нарачка преку e-mail
Контакт
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 1

   

Богословски факултет Св. Климент Охридски

Македонска Православна Богословија Св. Климент Охридски, Скопје

На 26.09.1967 година Светиот Синод на Македонската Православна Црквадоне-се одлука за отворање Православна Богословија, средно-образовен теолошки центар, од кој што ќе се изнедрува нас-тавниот кадар за потребите на Црквата. Програмата за редовната настава беше утврдена на првиот наставнички совет одржан на 17.10.1967 година со бла-гослов на тогашниот Дебарско- Кичевски Митрополит г. Методиј. На почетокот Богословијата беше сместена во манас-тирот „Горни Свети Илија" во село Бањани во скопската околина.

Ја започ-на редовната настава на 01.11.1967 година со 68 ученици од сите пет класови. Професорскиот колегиум беше составен од тројца редовни и шестмина вонредни професори, а првиот ректор на училиш-тето беше професорот Борис Бошковски. Следната година училиштето е премес-тено во селото Драчево. Учебната година започна на 04.12.1968 година. Заради лошата состојба, зградата на училиштето е реновирана во 1973 година. Во учебната 2001/2002 година училиш-ната настава се одвиваше во конаците на ставропигијалниот манастир „ Рождество на Пресвета Богородица", во с. Калишта, Струга. Во истиот временски период се реновираше комплексот на Богословијата во Драчево, којашто прерасна во уста-нова од современ тип. Беше изграден и нов параклис посветен на патронот на училиштето - Свети Климент Охридски. Школувањето трае пет години во услови на интернатски живот. Денот започнува со станување во 5 часот и 45 минути, по што следи утринска молитва и појадок. Потоа започнува редовната настава којашто продолжува со ручек и одржу-вање на воннаставни активности. Сле-дува вечерната молитва, две занимања за учење, вечера, гледање телевизиска програма и уште едно занимање. На крајот заедничка молитва пред спиење, а во 22 часот подготовка за ноќен одмор. Од воннаставните актив-ности застапени се следните секции: богословска три-бина, литературна секција, училишен хор, еколошка секција, хуманитарна сек-ција, секција на Црвениот Крст и спортска секција. Co секциите раководат профе-сори. Богословијата има училишна библиотека којашто располага со книжен фонд од 5.979 книги. Од досега дипломираните богослови, значајно е да се спомене дека повеќемина се здобија со дипломи како дипломирани теолози на нашиот Богословски факултет или во странство.  Има неколку магистри и доктори по теолошки науки. Радува и фактот дека од крилото на Богословијата имаме и двајца митрополити, Тимотеј и Стефан. Што се однесува до монаштвото во Македонија, чиешто возобновување е во тек, од учениците во Богословијата до-сега се замонашиле шестмина.

Подготвил: Дејан Димитријевски

 

Православен Богословски Факултет Св. Климент Охридски, Скопје

Сегашен декан на Факултетот е протоереј ставрофор отец д-р Јован Таковски. На Факултетот предаваат петнаесетина професори, кои што досега се истакнале во практиката со високостручна работа и со научни резултати. Факултетот очекува подмладок на наставниот кадар од асистенти што се на постдипломски студии во Букурешт, Белград, Велико Трново и Рим. Во периодот од 1982 до 2004 година дипломирале 150 студенти - теолози. Многумина од нив денес се професори во средното Богословско училиште или на факултетот, или веро-учители во основните школи и при паро-хиските цркви. Носители на диплома од овој факултет се и тројца митрополити, членови на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ (митрополитите Кирил, Ага-тангел и Наум), еден епископ - Отец Гаврил Светогороец, епископ Велички и повеќе монаси.

Православниот Богословски Факултет „Свети Климент Охридски" во Скопје остварува соработка со Универзитетот во Скопје преку препраќање на наши тео-лози за стекнување со виши степени на други универзитети, потоа преку размена на професори и на друг план. Врска со Богословските факултети (или институти) во Букурешт, Белград, Велико Трново и Рим, на некој начин се и нашите постдипломци, односно докторанти. Факултетот издава Годишник - Зборник со научни трудови, додека студентите имаат свое студентско гласило - „Пра-вославен Благовесник". Студентите своите активности ги изразуваат преку Студентското друштво, кое го организира издавањето на студентското гласило и студентската теолошка трибина. На Православниот Богословски Факултетво Скопје денес студираат повеќе од 250 студенти од кои што две третини се редовни.

Подготвил: Дејан Димитријевски


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA