|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
ОРГАНИЗАЦИСКОТО УЧЕЊЕ КАКО НОВА ФОРМА ЗА НАПРЕДОК (II)
Ситуации на организациско учење во МЦМС
Во МЦМС значајно место се остава на организациското учење како основна организациска филозофија. Сите ситуации на организациско учење се застапени, а во некои ситуации се испреплетуваат повеќе моменти на организациско учење.
1. Учење од водство
Во МЦМС се практикуваат и се поттикнуваат ситуации на учење од водството. Тоа може да се согледа во два моменти:
- праксата МЦМС како организација да учи од другите (партнери, корисници, донатори);
- внатре, меѓу вработените во МЦМС се стимулира учењето од водството.
Во организациската култура на МЦМС е содржано дека секој учи затоа што сака и дека секоја завршена работа може да се направи и подобро.
Се применуваат практики од работата на слични организации (адаптирани кон условите на работа на МЦМС).
Вработените во МЦМС се стимулираат да забележуваат и истражуваат за практики на успешно изведена работа (модели) коишто би ги следеле и адаптирале кон својата редовна работа. Особено се цени моментот кога ќе се каже дека за некоја работа е искористена и адаптирана слична ситуација.
2. Учење од надзорништво
Во МЦМС се прави редовна оценка на работните достигнувања. Иако функцијата на оценка на работните достигнувања е развој и одржување на човечките ресурси во МЦМС, таа преставува и можност кога “надзорникот” може да укаже на грешките при работењето. По укажувањето на грешките во работата, работникот и надзорникот предлагаат мерки за надминување на истите. Тоа може да биде формална обука, пракса или друг начин на учење. Најважно е што со укажувањето на грешките кај работникот се развива свеста за самоконтрола за грешките во иднина.
За оценката на работните достигнувања се води записник и тој записник се чува во личното досие на секој вработен.
3. Учење во формалната обука
Врз основа на потребите на работното место, секој вработен треба да помине формална обука во некоја тренинг-институција или во МЦМС.
Во првите години од постоењето на МЦМС, обуката била иста за сите вработени, без разлика на нивните работни задачи. Со развојот на организацијата и зголемувањето на бројот на вработените, а со тоа и профилирање на работните места, обуката на вработените е директно поврзана со оценката на работните достигнувања (она што треба да се подобри) и со плановите на одделението за наредниот период (потреба на работното место).
За секој од вработените во нивното персонално досие се води евиденција за нивното стручно оспособување.
МЦМС го негува принципот на партиципација на вработените во покривање дел од трошоците за обуката. Така на пр. за учење странски јазици МЦМС може да ја покрие цената на курсот за 70% - 75%, додека остатокот од 25% до 30% го сноси самиот вработен.
4. Учење од средината
Како форма на организациско учење од средината во МЦМС се практикува набљудувањето и оценката на проектите (завршен извештај за проект), програмите (редовна оценка по звршувањето на секоја програма) и среднорочната оценка на МЦМС. Врз основа на податоците добиени од набљудувањето и оценката на програмските активности, вклучувајќи ја и оценката за внатрешното функционирање на МЦМС, се донесуваат заклучоци и се одредуваат идните чекори.
Во МЦМС се применува и е унифициран концептот на ПМЕ (планирање, мониторинг и евалуација) во сите сегменти од работењето. Така, сите извештаи (проекти, програми) го содржат елементот “научени лекции”. Тоа се сознанија до кои соработниците дошле при контакти со целната група, со соработниците, со конкурентите.
5. Учење од колегите
Во МЦМС секоја година се практикува т.н. внатрешна вкрстена контрола. Контролата ја изведуваат тимови кои се формираат за таа намена. Функцијата на внатрешната вкрстена контрола е преку тимска работа и контрола на направените грешки во деловодникот и проектната документација да се придонесе кон намалување на грешките. Тимовите и одговорниот соработник на проектот ја проверуваат документацијата при што се случува трансфер на знаења меѓу членовите од тимот и меѓу тимот и поединецот (одговорниот соработник за проектот).
По пронајдените грешки нема санкции за “сторителот” на грешките. Целата активност која се спроведува во посебно одреден работен ден за тоа има за цел учење од колегите.
6. Самообразование
Самообразованието во системите и процедурите на МЦМС има значајно место. Имено, МЦМС обезбедува поддршка за своите вработени доколку тие самоиницијативно сакаат да ги надградуваат своите капацитети. На пр. се овозможува користење слободни денови по потреба на соработникот кој се образува, се овозможува кредитирање под поволни услови за плаќање школарина и сл.
ПОИМНИК
Системско мислење е дисциплина на организациското учење; тоа е концепциска рамка, корпус на знаења и алатки (што се развиени последниве педесет години) што ни помагаат подобро да ги разбереме сите појави во организацискиот систем и да согледаме како можеме ефикасно да ги менуваме.
Лично мајсторство е дисциплина на континуирано појаснување и продлабочување на личната визија на поединците, на фокусирање на сопствената енергија, на развој на трпението на индивидуите и објективно гледање на реалноста.
Ментални модели се всушност длабоко вкоренети претпоставки, генарализации, дури и слики и претстави во свеста на индивидуите коишто влијаат на разбирањето на појавите и според коишто индивидуите преземаат одредени дејства.
Подготвила: Лилјана Алчева-Јовановска
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|