|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Мобилизација на ресурси II
Типови ресурси
Мобилизацијата на ресурси можеме да ја дефинираме како процес на прибирање различни типови ресурси коишто се потребни за работата на нашата организација. Фандрејзингот е само еден дел од мобилизацијата на ресурси. Парите се еден од клучните ресурси, но постојат и други корисни ресурси. Важно е да направиме обид да пристапиме кон поширок список на ресурси. Пред да се започне со планирањето на мобилизацијата на ресурси, корисно е организацијата да направи преглед на сите ресурси коишто може да ги искористи.
Механизми за мобилизација на ресурси
Механизмите за мобилизација на ресурсите се различните начини коишто ги користиме за прибирање на ресурсите. Тоа може да биде, на пример, пишување предлог-проект, организирање фандрејзинг-настан, продажба на производи или услуги, состаноци со потенцијални донатори, прибирање членарина, собирање средства преку директна пошта, преку интернет, преку СМС-пораки и др.
Идентификувањето на различните механизми за мобилизација на ресурси е еден начин на којшто можеме да го прошириме сопственото разбирање на мобилизацијата на ресурси и да го диверзифицираме и прошириме нашиот пристап од вообичаеното пишување предлог-проекти.
Пред да се направи изборот на механизам неопходно е да се направи анализа кои се добрите страни, но и кои се можните недостатоци од примената на тој механизам, како и проценка кои механизми за мобилизација на ресурси се реално прифатливи за нашиот контекст.
Самата примена на механизмите за мобилизација на ресурси бара претходно трошење одредени ресурси, за некои повеќе, за некои помалку. Во секој случај, треба да постои свесност и јасна проценка колку треба првин да вложуваме пред да почне да ни се враќа.
Провајдери на ресурси
Провајдери на ресурси се оние луѓе/организации кои ги обезбедуваат ресурсите. Различните провајдери на ресурси имаат различни мотиви за давање. Во презентирањето на нашите идеи обично тргнуваме од тоа која била нашата мотивација за да започнеме некоја работа, но мораме да бидеме свесни дека потенцијалните донатори веќе имаат сопствени мотивации. Утврдувањето на мотивацијата за давање кај различните провајдери на ресурси ќе ни овозможи да им ја објасниме придобивката од давањето на провајдерите, а не само едноставно да им побараме ресурси. Тоа исто така ќе ни помогне да ги утврдиме можните последици од прифаќањето ресурси од различни провајдери и етичките прашања коишто ќе треба да ги земеме предвид.
Поимник
Материјални ресурси - различни средства, како простории, копир-машини, комјутери, возила за транспорт, храна, освежување и др.
Технички ресурси - стручност, знаење, компетентност.
Социјален капитал - фонд од такви ресурси коишто овозможуваат движење низ личната и професионалната мрежа, а се состои од добра волја, соработка, доверба, информации, емоционална поддршка, моќ, влијание...
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|