Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Тема

   

ПЛЕНАРНА СЕСИЈА

Новите трендови и предизвиците на граѓанското општество


“Развојот на невладиниот сектор не кореспондира со развојот на демократијата”, рече меѓу другото Нафи Сарачини, советник за граѓанско општество во Делегацијата на Европската комисија во Скопје и еден од воведничарите на пленарната сесија “Нови појави и трендови – предизвици со кои се соочува граѓанското општество”, што се одржа на 29.10.2002 на НВО Саемот (претседаваше Мирко Спироски).

На ставот дека не постои невладин сектор (поради зависноста од надворешни донации и непостоењето поддршка од владиниот сектор), Сарачини го спротивстави ставот за непостоење адекватен државен сектор. Тој ја истакна зависноста на државната администрација од моќта концентрирана во рацете на поединци или групи. Од друга страна, според Сарачини, видливи се и негативностите на невладиниот сектор, отсуството на стратешко планирање и спроведување на активности кои не го допираат коренот туку последиците на проблемот. Затоа,  фокусот треба да биде во градењето граѓанска свест, меѓусебна соработка, идентификување локални донатори и развој на менаџерските способности во рамките на НВО. Фазата во која сега се наоѓаат НВО, според Сашо Клековски, извршен директор на МЦМС и воведничар на оваа сесија, е фазата на развој која е многу потешка од фазата на основање. Тој истакна дека искористеноста на човечките ресурси во НВО секторот во Македонија е многу мала, и дека разбирањето за тоа што опфаќа невладиниот сектор често е многу потесно од она што навистина е овој сектор. На пример, во тоа разбирање редовно се испуштаат синдикатите.
Според Ѓорѓи Иванов, професор на Правниот факултет во Скопје и претседател на Институтот за демократија, солидарност и цивилно општество, постои двојност во разбирањето на граѓанското општество. Според него и позитивните и негативните страни се базираат на истите основи: обезбедувањето ресурси, транснационалниот развој и развојот на плуралистичко граѓанско општество. Теодори Пандели, професор и извршен директор на Фондацијата за граѓанско општество во Албанија ги пренесе искуствата од развојот на граѓанското општество во Албанија. Тој ги акцентираше главните проблеми: отсуството на соработка меѓу самите организации, односите со медиумите, паралелизмот на финансиската поддршка. Излезот се гледа во воспоставувањето мрежи, чадор организации и мултидисциплинарни центри, соработка со странските организации, активирање на интелектуалците, соодветна географска дистрибуција на активности, градење на јавната свест итн. “Темата за дискусија беше еден од најактуелните и најприоритетните предизвици на НВО секторот”, рече Владимир Милчин, извршен директор на ФИООМ. “Добро беше што имавме различни приоди кон неа. Со тоа, некои од воведничарите и од учесниците, а и јас лично, испровоциравме сериозна дискусија за контекстот на темата. Дискусијата беше добра можност за иницирање низа нови прашања и поставување основи за следните слични разговори”, заврши Милчин.
Беше заклучено дека е потребна широка стратешка соработка помеѓу НВО, како со владиниот сектор. Потребна е транспарентност во работењето и видливост на резултатите од работењето, аНВО треба да дадат придонес во политиката без партизација.
 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Број 20 Октомври 2002
Вовед
Тема
Настани
Календар
Публикации
Интервју
Концепти
Q&A
Појмовник
Погледи
Форум
Претставување
Донатори
 

©MCMS - designed by KOMA