Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 18 Јули 2002  Вовед

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ

ВОВЕД

Запознајте ја „петтата колона“
 

Во последните неколку месеци сведоци сме на нарушување на односите меѓу власта и невладините организации (или дел од нив). Односите меѓу невладините организации (НВО) и ова власт и блиските медиуми не беа одлични, особено за време и по воената и политичката криза во 2001 година. Но никој не можеше да претпостави дека ќе се симнат на олку ниско рамниште.

Брзиот негативен развој веројатно започна со обвинувањата на сметка на Владата за корупција кои ги отвори Меѓународната кризна група, а ги поддржаа низа НВО во коалицијата „Македонија без корупција”, пред сe Институтот отворено општество (ФИООМ) и Транспарентност Македонија. Наместо конструктивна расправа следуваа мноштво контрачекори од фини иронизации до замена на тези (не е власта корумпирана, туку меѓународната заедница и НВО). Уште поразлутена и понеконтрилирана реакција дојде со новите активности на НВО околу изборите како „Моќта е во народот“ или „Македонија не смее да ги изгуби овие избори“. Сега одредени НВО се обвинуваат дека се „петта колона“ и дека сакаат да извршат тивок државен удар за сметка на „империјалистичките сили“.

Ова секако дека може да го сметаме како дел од плурализмот на мислења и слободата на говорот. Сепак, би се зафатил да бидам адвокат на НВО и да истакнам неколку моменти. Со тоа не навлегувам во содржината на расправата (секој има право на свое мислење), туку во начинот на анализата. Тоа се неколку работи: генерализација врз основа на исклучоци; контрадикторност на тези; дискредитација на оправдани цели низ дискредитација на луѓе.

Врз неколку полувистини и невистини се гради тезата за конспирација и потоа се генерализира целиот сектор на НВО кој во Македонија брои околу пет илјади организации. Во тие НВО се вклучени и стотици спортски друштва, професионални здруженија, но и фондацијата „Благовестие„ и „Милениумски крст„. Врз основа на последниве две, некои други можат да генерализараат со точно обратни тези.

Кога се служи со невистини, неминовно се појавуваат контрадикторности. Повеќе НВО од „петтата колона“ си финансиски поддржани од Владата на РМ (Одлука за учество на државата во финансирање здруженија на граѓани и фондации во 2002 година, од 23 јули 2002 година). Или „петтата колона“ сака да изврши тивок државен удар за сметка на „империјалистичките сили“, вклучувајки ја Светската банка, а Владата која треба да биде срушена во платени огласи на цела страница се фали дека подобро ја спроведува програмата на Светската банка од претходната влада.

И на крајот е дискредитацијата на оправдани цели низ дискредитација на луѓе. Дали може да бидете против „фер и слободни избори“? Не. Дали „Моќта е во народот“ или „Македонија не смее да ги изгуби овие избори“ или други активности имаат какво било влијание врз изборот на граѓаните или се сугерира оваа или онаа партија? Не. Нема ниеден коментар во врска со содржината. Тогаш, оправданите цели за фер и слободни избори и коректните содржини се дискредитираат главно преку дискредатација на личности, пред сe на Владимир Милчин од ФИООМ. Милчин не чинел и затоа не може да чини залагањето за фер и слободни избори.

Ова, последното, за фер и слободни избори мора да биде заедничка агенда на сите нас за да обезбедиме нов и јасно изразен легитимитет на власта (и законодавна и извршна), па која и да било да е таа власт, која Македонија треба да ја води во значаен момент за спроведување на реформите и евро-атлантската интеграција. Ако тоа е „петта колана“, тогаш и јас сум дел од неа.

Сашо Клековски

 

©MCMS - designed by KOMA