Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Број 18 Јули 2002  Донатори

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ

НАЦИОНАЛЕН ДЕМОКРАТСКИ ИНСТИТУТ (НДИ)

Јакнење и промоција на демократските процеси

Националниот демократски институт (НДИ), со седиште во Вашингтон, Д.Ц., беше формиран во 1983 година, со една генерална цел: да ги зајакне демократските институции и плуралистичките вредности во новите и демократиите во развој.

Денес, НДИ својата активност ја спроведува на четири континенти, во бројни локални канцеларии, одговарајќи на потребите на новодемократските општества, а во тој контекст, соработувајќи и со невладините организации како значаен чинител на демократските процеси.
НДИ е невладина, непартиска и непрофитна и независна организација, која има големо влијание и во САД и ширум светот. Во Македонија, оваа организација е присутна од 1993 година. За нејзините активности во нашата држава, разговаравме со г-ѓа Шејла Фруман, директор на локалната канцеларија на НДИ во Македонија.

- Спроведувајќи ја во пракса нашата цел – промовирање на демократијата во Македонија, во овој, речиси десетгодишен период, соработувавме со парламентарните тела, политичките партии, експертите и невладините организации од Македонија. НДИ беше активен во периодот пред и околу изборите за локалните власти во 2000 година, а имаме неколку активности поврзани и со претстојните, Парламентарни избори 2002. Во овој предизборен период работевме на неколку нивоа. Соработувавме со политичките партии, спроведувајќи тренинзи за кампањата и тренинзи за кандидатите за пратеници. Спроведовме и тренинг за партиски контролори. Околу 1000 партиски активисти и кандидати беа обучени на наштите тренинзи. На невладино и непартиско ниво, соработуваме со здружението на граѓани „Мост”, поддржувајќи го финансиски, преку давање совети, консултации и тренинзи. НДИ работеше со политички партии за да го развие Кодексот на однесување за слободни и фер избори, кој го потпишаа лидерите на 29 политички партии во Македонија. Здружението „Мост” работи на набљудување на спроведувањето во пракса на овој Кодекс, вели г-ѓа Фруман.

Активностите на Националниот демократски институт во Македонија се поддржани од УСАИД (Агенцијата за меѓународен развој на САД). Работата на НДИ насочена кон јакнење и промоција на демократските процеси во нашата држава ќе продолжи и после изботниот процес, а соработката со невладините организации ќе биде од нејзините клучни елементи.


М. И.

 

©MCMS - designed by KOMA