|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
Декадата за вклучување на Ромите 2005-2015
Еманципацијата на Ромите тргна со силен ритам албански Во Скопје, од 21 до 23 март, се одржа конференцијата под наслов „Континуиран дијалог помеѓу актерите и предизвиците за имплементација”, организирана со цел да придонесе за ефективно спроведување на Декадата за вклучување на Ромите во државите од Западен Балкан. Ја организира граѓанската организација Асоцијација за демократски развој на Ромите „Сонце”, која, според Александра Бојаџиева, менаџер на програм за застапување на правата и интересите на Ромите, активно придонесува за граѓанска и демократска интеграција, ефективно учество и подеднакво практикување на демократските права и можности на Ромите во општеството, преку градење капацитети, директна поддршка и застапување на Ромите.
„Еден од приоритетите на Сонце е да придонесе во планирањето, спроведувањето, набљудувањето и процената на акциските планови за Декадата за вклучување на Ромите и на националната стратегија за Ромите во Република Македонија” – нагласи Бојаџиева.
На конференцијата во Скопје дојдоа учесници од земјите на Западен Балкан - Хрватска, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Македонија, а организираните дискусии се водеа на повеќе теми кои ги опфаќаа методите за имплементирањето на Декадата, досегашните резултати и искуства во земјите кои учествуваа на конференцијата.
Меѓу учесниците беше и Назиф Мемеди, член на Советот за национални малцинства во Република Хрватска, формиран за заштита на малцинските човекови права во нејзината земја. „Советот е основан во 2003 година, има голема доверба кај хрватската влада, бидејќи ги распоредува финансиските средства од државниот буџет за финансирање на малцинските заедници. Во последните две години, буџетот од државата е зголемен за 41,1%, односно околу 35 милиони куни, или околу 5 милиони евра за сите 22 национални малцинства во Хрватска. Од тие средства, за Ромите се издвојуваат околу 1,5 милиони куни или 200.000 евра. Советот финансира 4 области: културни манифестации, културно-уметнички друштва, издаваштво за Ромите (историја, речник) и информирање (се објавуваат три списанија -Иднина, Ромската вистина и Млади за млади)” – посочи Назиф, говорејќи за состојбата во својата земја И нагласи дека Хрватска со 30% учествува во Акцискиот план за Декадата на Ромите, но и дека се надева дека конференцијата во Скопје ќе ги насочи и другите влади и држави да го следат моделот на Хрватска. Неговата порака до сите држави е да го подобрат квалитетот на животот на Ромите, со тоа што ќе го обезбедат нивното станбено прашање, вработување, образование и здравство, проблемите на ромското малцинство да не останат само на хартија за влез во ЕУ, туку и реално да се решаваат
Осман Балиќ, од центарот ЈУРОМ во Србија, ни изјави дека присуствува на исклучително редок тип конференција, затоа што има споредба на резултатите на единствениот проект, Декадата на Ромите. „Пред Декадата, прашањето беше дали нешто ќе успееме да промениме. Втората дилема беше дали земјите на Балканот ќе успеат да се справат со проблем каков што е сиромаштијата на Ромите и дали ќе успеат да ги прифатат тие предизвици во периодот на придвижување кон ЕУ. Тоа, тука во Скопје, се случи. Балканот е чуден простор и радува тоа што еманципацијата на Ромите тргна со силен ритам и што државите ги мобилизираа своите институции во реализирање на целите на Декадата”. Според Балиќ, радува фактот што Ромите тргнаа по патот на сопствен просперитет врз база на основните човекови принципи, одговорност, човечност и солидарност. Во методот на Декадата не е спомената ниту една насилна метода, туку врз база на сопствената одговорност и со помош на државите, ромските заедници да се интегрираат во општеството.
Повик до Владите на БиХ и на Косово
На конференцијата беше упатен повик до владите на Босна и Херцеговина и на Косово да се вклучат во Декадата. Во БиХ с$ уште не е подготвен Акцискиот план за влез во Декадата, додека на Косово с$ уште се чека на решавањето на статусното прашање.
„Ромите се во истата положба во сите земји во регионот, ги имаат истите проблеми - вработување, образование, децата не се впишани во матичните книги, невладините организации се недоволно финансирани” - нагласи Индира Бајрамовиќ, претседател на Здружението на жените Ромки „Подобра иднина” од Тузла, и член на Собранието на Ромите во Босна и Херцеговина. „Во 2004 година во БиХ е усвоен план за образование на Ромите од страна на сите министри за образование, но, за жал, с$ уште не е имплементиран во таа мера во која било предвидено. Декадата на Ромите е придонес низ заеднички искуства и предлози за работата да се надминат проблемите кои ја притискаат ромската заедница во БиХ” – изјави таа.
Башким Ибиши, претседател на НВО „Центар за меѓународна интеграција”, и член на Извршниот одбор на Мрежа на НВО на Косово, истакна дека првпат добиле покана да учествуваат на ваков собир. Тој објасни дека Косово нема статус и дека засега не е можно да стане членка на Декадата, но на конференцијата беше дадена можност да се разменат искуства и да се дознае нешто повеќе за процесите кои се во тек.
„Во контекст на вклучување во Декадата, Ромите не учествуваа во конфликтот на Косово, туку излегоа како жртви, како колатерална штета” - потенцира Ибиши, и додаде дека на Косово ќе започне процес за интегрирање на Ромите во институциите на системот. „Ромите од Косово мора да бидат дел од Декадата, затоа што од формирањето на Декадата, веќе има разлика во положбата на Ромите во државите кои се членки на Декадата и кај оние кои не се”.
Република Македонија е член на Декадата за вклучување на Ромите од нејзиното основање. Пред Декадата, беше изработена Националната стратегија за Ромите во земјава со која беа детектирани проблемите и беа предложени решенија за надминување на состојбите со ромската заедница во Македонија. Со преземањето на обврските од Декадата на Ромите, надлежностите се префлени во Министерството за труд и социјална политика, во кое е формирано посебно тело кое работи на спроведување на Акцискиот план на Декадата за Ромите.
Конференцијата, која се одржа во Скопје, е дополнителен придонес кон подобрувањето на состојбите кај ромската заедница, не само во Македонија, туку и во поширокиот регион. По завршувањето на Конференцијата, беше подготвен меморандум, писмо кое ќе биде упатено до сите земји учеснички на конференцијата, во кое се содржани заедничките заклучоци од претставниците на Ромите во сите држави во регионот.
Седиштето на Декадата ќе се премести во Унгарија
„Декадата за вклучување на Ромите 2005-2015” е меѓународна иницијатива за развој на социјално-економскиот статус и целосно вклучување на Ромите во општествениот живот во земјите од Југоисточна Европа. Основана е од Сорос и Светската банка во Будимпешта во 2003 година, а кон неа, со прифаќање заедничка декларација, се приклучија девет земји од Југоисточна Европа. Пристапувањето кон Декадата е на највисоко ниво, со потписи на премиерите на Унгарија, на Чешка, на Словачка, на Романија, на Хрватска, на Бугарија, на Србија, на Црна Гора и на Македонија. Со свои активности, во Декадата на Ромите учествуваат УНДП, Советот на Европа, ОБСЕ и претставници на ромските заедници од сите држави потписнички на Декадата во регионот. Пристапувањето кон Декадата беше врз основа на акциоски план кој го изработи секоја од земјите учеснички, а главните приоритети во акциските планови се образованието, домувањето, вработувањето и здравството. Теми во реализирањето на Декадата се и родовите односи, дискриминацијата, односно човековите права и сиромаштијата. Декадата функционира на база на фондови (Труст фунд, Рома едукејшн фунд) создадени од меѓународните институции и организации од кои е основана, средства кои државите потписнички на Декадата ги издвојуваат од своите буџети, и со донации. Највисоко тело во структурата на Декадата на меѓународно ниво е Меѓународниот управен комитет во кој членуваат претставници на владите на државите, претставници на ромските заедници и меѓународни институции. Иако е формирана во Будимпешта, секретаријатот на Декадата секоја година го менува своето седиште.
До 30 јуни седиштето на секретаријатот на Декадата ќе се наоѓа во Бугарија, додека од 1 јули оваа година ќе биде преместено во Унгарија.
Тони Димков
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|