Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

  Вовед

   

вОВЕД

ЧИСТИ, НЕЛИФЕРУВАНИ ПОДАТОЦИ

Крајот на годината секогаш ми бил време за сумирање на она што е направено во претходните дванаесет месеци. И не само на она што е направено туку, и на она што не сме успеале, а сме планирале да го направиме.
Со овој декември се заокружуваат две години од издавањето на “Граѓански свет”. Вистинско време за сумирање на она што сме го направиле до сега.
Оценките на редакцијата на “Граѓански свет” сметавме дека ќе бидат премногу субјективни и еднострани, затоа, со дистрибуцијата на броевите 17 и 20 ви испративме и краток прашалник во кој можевте да ги кажете сите ваши забелешки и да ни помогнете да направиме списание по ваша мерка. “Граѓански свет”, на крајот на краиштата, е ваше списание.
Она што ми го привлече вниманието при разгледувањето на вашите сугестии беше една забелешка дадена на прашањето: Зошто ви користи “Граѓански свет”? “Добивам чисти, нелиферувани податоци”, беше еден од одговорите.
Навистина ми значи тој податок. На секоја редакција која пласира информации кон јавноста би и било мило да знае дека она што го пласира е свежо, различно од другите. Всушност за тоа и постои “Граѓански свет”, да понуди нешто различно на својата читателска публика.
Во текот на овие две години навистина се трудевме страниците на “Граѓански свет” да ги исполниме со информации за активности што ги спроведуваат невладините организации или неформалните групи на граѓани. Вашите коментари ни потврдија дека сме на вистинскиот пат, дека се движиме во вистинската насока. Секако, како што се динамични информациите, така и самиот “Граѓански свет” е динамично списание. Зголемувањето на бројот на страниците, внесувањето на нови рубрики во него беа направени со цел да ги задоволиме вашите барања и потреби.
И во иднина “Граѓански свет” ќе се труди да одговори на тие барања и потреби. Затоа, морам да им се заблагодарам на сите што ни ги испратија своите сугестии, на сите што одвоија време да ни кажат што им се допаѓа или што не им се допаѓа во “Граѓански свет”.
Во Новата година би сакала да се прошири просторот на кој ќе бидат пласирани информациите за нашиот, невладиниот сектор. Би сакала тие да не бидат само предмет на информирање на “Граѓански свет”, туку и на другите медиуми. На овој начин граѓанското општество ќе се промовира многу повеќе. Но, тоа значи дека и ние, невладините организации, ќе треба да се потрудиме повеќе. Ќе треба да им понудиме на медиумите интересни информации од темите што ги работиме секојдневно. Верувам дека тоа ќе придонесе и кон подобрувањето на нашиот “имиџ”, едно од прашањата на кое често размислувавме и дикутиравме во годината што поминува.
Ви посакувам убаво да си ги поминете претстојните празници и да имата најсреќна Нова година.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Број 22 Декември 2002
Вовед
Тема
Настани
Публикации
Интервју
Погледи
Концепти
Појмовник
Q&A
Форум
Претставување
Донатори
Избор
 

©MCMS - designed by KOMA