Контрапункт
Слевање на маргините
Здружението на граѓаните „Контрапункт“ започна со спроведувањето на проектот „Слевање на маргините“, насочен кон процесот на децентрализација во областа на културата. Преку овој проект, кој е поддржан од Швајцарската агенција за култура, ќе бидат изготвени и објавени публикации за седум градови во Македонија: Тетово, Гостивар, Велес, Неготино, Битола, Охрид и Струга.
Овие публикации ќе бидат додатоци на списанието „Маргина“, кое го изготвува „Контрапункт“. Нивната цел е да ги претстават овие градови со нивните автентични особености, со различноста на духот, културните и другите вредности, како и економската, социјалната и другите димензии од актуелното живеење, паралелно со историските моменти кои ги одбележуваат и со идните проекции на локалната културна политика.
Целта на целиот проект е да создаде вештини и знаења на локално ниво, да ги приближи заедниците, да придонесе за поуспешно одвивање на процесот на децентрализација и вклученоста на локалните луѓе во него, да ги информира граѓаните на Македонија за помалку познатите аспекти на живеењето на овие градови…
Се очекува првата публикација да излезе до крајот на годинава, а ќе биде дистрибуирано преку изданието на „Маргина“.
М.И. |