|
ONLINE ВЕРЗИЈА |
|
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА |
|
ПРОГРАМА ЖИВО НАСЛЕДСТВО
Иновативен пристап кон локалниот развој
Програмата “Живо наследство” инвестира не само во наследството, туку, пред с$, во луѓето. На луѓето им помогна да се свртат околу себе, да работат заедно и решението на своите проблеми да го побараат во она со што располагаат – автентичното наследство на нивната заедница, човечкиот капитал и другите ресурси
“Два месеца, единственото нешто на што помислував кога ќе се разбудев беше водопадот и што ќе работам тој ден”; “Ова воведе нов начин на размислување во нашата заедница”; “Ги увидовме сопствените недостатоци за она што треба да се направи за да се планира пореално”; “Не знаев дека водопадот е толку важен за селото. Ова требаше да го направиме пред 20 години”; “На други проекти сме трошеле седум пати повеќе време, а притоа не сме постигнале ниту дел од влијанието”... Ова се само дел од размислувањата на луѓето кои во Македонија работеа на некои од проектите поддржани преку програмата “Живо наследство” на Фондацијата Крал Бодуен од Белгија и на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија.
Жителите на околу 35 локални заедници – села и помали градови во Македонија, во текот на петте години од спроведувањето на оваа програма станаа дел од “братството” што негува посебен, иновативен пристап кон наследството. Поттикнати од филозофијата на програмата “Живо наследство”, тие наследството почнаа да го посматраат како ресурс за одржлив развој на нивните заедници, но истовремено и научија како да го почитуваат повеќе. Сфатија дека тоа може да има повеќекратна улога: да обезбеди економски просперитет, да привлече туристи и посетители, да ги подобри меѓучовечките односи во заедницата, да афирмира и да обедини, да ја зајакне локалната демократија, да создаде и човечки, и економски, и општествен капитал, да го дефинира подобро идентитетот на заедницата, да ги подигне на повисоко ниво етичките вредности, да ја намали миграцијата и многу други нешта. Она по што се разликува оваа програма од другите се неколку нешта. Едно од нив е работата на терен, во директен контакт со локалните луѓе.
Програмата “Живо наследство” инвестира не само во наследството, туку, пред с$, во луѓето. Оние кои никогаш не се соочиле со предизвикот да работат на проект, научија како да го прават тоа. Беа обучени да спроведат проектен циклус, како да прибираат средства и да им пристапат на донаторите, како да работат во мрежа и на маркетингот на својата заедница. Програмата го поттикна волонтерството и на луѓето им помогна да се свртат околу себе, да работат заедно и решението на своите проблеми да го побараат во она со што располагаат – автентичното наследство на нивната заедница, човечкиот капитал и другите ресурси.
Програмата, со истиот пристап и принципи, се спроведува во уште три држави од регионот. По Македонија, каде започна и каде на некој начин беше тестирана, таа се спроведе во Босна и Херцеговина, во Бугарија и во Романија. Искуствата што ги стекнаа четирите држави беа презентирани на меѓународната конференција “Живо наследство: учејќи од иновативните практики во културата и локалниот развој во Југоисточна Европа”, што се одржа од 13 до 15 октомври 2005 година, во Скопје. На оваа конференција се претставени лекциите коишто се научија од работата на околу 140 локални проекти во овие држави. Но, интересно беше да се слушнат и сличните иницијативи што се спроведуваат и во други европски држави – Србија и Црна Гора, Полска, Турција, Франција, Холандија... На конференцијата беше промовирана и книгата “Живо наследство”, напишана од Франсоа Матарасо, консултант од Велика Британија, човек кој многу придонесе во поставувањето на филозофијата на програмата, за нејзиниот развој и можеби пред с$, дефинирањето на принципите врз коишто се заснова таа. Во неа се опишани развојот на програмата во регионот, како и ефектите и влијанијата коишто ги постигна таа.
(За повеќе информации за оваа програма: www.zivonasledstvo.org.mk и www.living-heritage.org).
М. Иванова
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|