Мировен протест против војната во Ирак
На 15 февруари 2003 година во Скопје се одржаа мировни протести, организирани од Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, Социјален форум, Мировна акција и други НВО, во кој учество зедоа и голем број граѓани.
Скопје, 18 февруари, 2003 г.
Протестот е дел од Денот на протестите против војната во Ирак, што се одржаа во седумдесетина држави во светот, а се одржуваат по повод можната воена интервенција на САД врз Ирак.
Еден од организаторите, Хелсиншкиот комитет, ги повика македонските граѓани да излезат низ улиците на Скопје и да го дигнат својот глас против употребата на воена сила како средство за решавање конфликти, а нивното мото беше „Насилството е последен излез за глупавиот“.
На протестот се приклучи и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Извршниот директор на МЦМС, Сашо Клековски, по тој повод за Дневник изјави: „Ние сме против донесување толку важна одлука, а притоа да се заобиколат Обединетите нации и јавното мислење кај нас и во светот. Се зборува за евроинтеграција, а еднострано се прифаќаат одлуките на САД. За каква евроинтеграција зборуваат нашите политичари?“.
Протестот започна во 12:30 часот од Градскот парк, продолжи пред американската амбасада и заврши на Градскиот плоштад „Македонија“ околу 14:30 часот.
Подготовки пред маршот, кај фонтаната „Лотус“ во Градскиот парк

 „Стоп! На војната во Ирак, сакаме мир и работа“
Протестниот марш се упатува кон амбасадата на С.А.Д.









Упатување од амбасадата кон плоштадот








|