Последно издание Контакт Нарачка преку e-mail
Архива
Коментар
Настани
Граѓанско општество
Деца
Студенти
Здравство
Животна средина
Календар
Прашања и одговори
Балкан-експрес
Европа
Свет
Тема
Репортажа
Интервју
Погледи
Претставување
Публикации
Историјат на граѓанското општество
Луѓе
Мобилизација на ресурси
Искуства од регионот
Избор
Прва страница
Документи и публикации
Документи
Извештаи
Публикации
Водичи
НВО САЕМ
Настани
Галерија
Архива
Архива на онлајн вести
2003
2004
2005
2006
2007
2008
Адресари
Луѓе од граганскиот сектор
Проекти на граѓанските организации во Македонија
Адресар на верските заедници во РМ
Адресар на граѓанските организации во Македонија
Адресар на општини во Република Македонија
Билтен на МЦМС
Билтен за меѓурелигиска соработка
Перспективи
Граѓански практики
Контакт






ONLINE ВЕРЗИЈА
ПЕЧАТЕНА ВЕРЗИЈА

   

Реализирана најголемата еколошка акција кај нас

Македонија засади над два милиони садници

Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.

На повик на новите еколошки лидери, македонските граѓани излегоа на 67 локации низ целата земја да засадат дрвца. Пошумени се 1.031 хектар голини во кои спаѓаат и неколку локации кои настрадаа во минатогодишните пожари, како Крушино и Осломеј во Кичево, Берово и Битола.

Садниците кои се посадија се  исклучиво шумски расад, во најголем број даб, бука, црн и бел бор и други, во зависност од тоа кој вид каде најдобро успева. Акцијата беше поддржана од Владата на Македонија која ги набави садниците, од ЗЕЛС и од општините кои организираа превоз на граѓаните до локациите, голем број невладини организации и други институции.

Со намера да се обезбеди подобра иднина, во склад со природата и сето тоа што можеме да го добиеме од неа, организаторите на акцијата, Иницијативниот одбор, пошумувањето им го посветија на идните генерации кои и ќе го почувствуваат нејзиниот благодет. Целта е никој да не размислува кој колку корист ќе има од оваа работа, туку целта е да се направи нешто за природата која многу ни дава, но ништо не ни бара за возврат, велат иницијаторите. Така ефектот ќе го почувствуваме сите, и ние денеска, но најмногу нашите деца во иднината, велат тие.

Идејата, најавуват тие, ќе продолжи и во иднина, најмалку два пати годишно, напролет и наесен, кога е времето за садење садници. Со вакво темпо на засадување за 10 години би се пошумила цела Македонија, а крајниот ефект би бил поповолна клима за живеење.

Според бројките со кои располагаат стручњаците, нашата држава има голини за уште околу 130 милиони садници. Цената која ќе ја платиме за садниците денеска не е ништо во споредба со цената на делото кое се прави и со влогот во иднината на поколенијата, е мотото на Иницијативниот одбор. Во рамките на акцијата, Иницијативниот одбор го посети и гробот на нашата најпозната поп ѕвезда и голем хуманитарец, Тоше Проески, каде што симболично беше насадена цреша.

Македонија не е поделена, туку единствена

“Народот беше главниот актер во акцијата и јас, како и целиот Иницијативен одбор, многу сум горд и благодарен за тоа”, вели маестро Борис Трајанов, додавајќи дека додека сe уште траеше засадувањето, се роди идејата дека сето ова мора да продолжи. Тој вели дека со одредени институции веќе се направени и првичните разговори, 12 март да се повтори наесен, кога е сезоната на садење, но овојпат со многу повеќе садници. “Неверојатно е чувството кога ги сумираме резултатите и кога можеме да заклучиме дека акцијата ја постигна својата цел. Особено сум горд што граѓаните покажаа единство што досега не е видено, но и неверојатно висока еколошка свест, за што досега сите велевме дека ни е на ниско ниво. Сега знаеме дека во иднина можеме да посадиме многу повеќе од 2 милиони садници”, вели Трајанов, додавајќи дека е пресреќен што ако оваа акција стане традиција, резултатите ќе ги почувствуваме и ние, а на нашите поколенија ќе им ја трасираме зелената иднина. 

“Акцијата испрати една силна порака”, нагласува Трајанов, “дека ние во Македонија не сме поделени и искарани како што изгледа отстрана, напротив, многу сме единствени ако не врзува добра идеја. Една од нив е и да ја исчистиме Македонија, која најверојатно ќе се реализира во иднина”.

Граѓаните кои на 12 март масовно излегоа на пошумувањето се презадоволни од идејата и од организацијата на најголемата еколошка манифестација кај нас. Во скопска Матка, каде се засадија над 10.000 садници, свој придонес даде и семејството Христовски. “Денеска сме тука од љубов кон природата, да $ возвратиме за сe што ни дала досега. Откако ќе ги засадиме дрвцата, денот ќе го поминеме во прошетка низ убавините на Матка и на Сарај”, велат Христовски. И студентот Бојан Блажевски се приклучи кон акцијата за пошумување со надеж дека со овие садници ќе го даде и својот придонес кон подобра иднина.

Во рамките на акцијата, засадување дрвца организраа и 50 градинки во целата земја, голем број основни и средни училишта, кои во своите дворови засадија садници.

Денот на дрвото е 365 дена во годината

“Денот на дрвото нема да биде манифестација само за еден ден - 12 март, туку 365 дена во годината”, порачаа и претставниците на Зелената парламентарна лоби-група. Пратеникот Маријан Додовски истакна дека ова е многу значаен ден за Македонија, ден кој треба да ја стави во групата на држави кои се грижат за животната средина, за своето потомство и за глобалните климатски промени. На денешниот ден Македонија во пракса покажа дека ја поддржува поговорката “Мисли глобално, дејствувај локално”. “Денеска ќе испратиме силна порака до целиот свет дека Република Македонија, иако е мала земја по површина, сепак е горда и знае да прави големи дела”, рече Додовски. Пратеничката Лилјана Поповска истакна дека парламентарците денеска засадуваат дрвца за нашата иднина, без разлика на кои партии и на која религија им припаѓаат.

Во акцијата инцирана од македонските граѓани се вклучија и повеќето амбасадори на земјите од Европската Унија во Македонија. “Оваа акција ќе цути, ќе расте заедно со дрвата што ги засадивме”, изјави амбасадорот на Полска, Карол Бахура, кој исто така засади дрвце. Хрватскиот амбасадор, Иво Кујунџиќ, по засадувањето на дрвцето, истакна дека оваа акција е многу корисна и потребна и оти имаат намера да ја спроведат и во Хрватска.
Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























НОВОСТИ
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA