Во предвечерјето на австриското претседателство со ЕУ
Конференција “Проширувањето и развојот”
Во предвечерјето на австриското претседателство со Европската Унија (јануари-јуни 2006 година), Австриската национална платформа во соработка со КОНКОРД (ЦОНЦОРД) и со ТРИАЛОГ (ТРИАЛОГ), на 12 и 13 декември во Виена организираат конференција на тема “Проширувањето и развојот”, како почеток на официјалната претседателска програма на нивната земја. За првпат се очекува да се соберат претставници учесници од старите и од новите земји-членки, како и од моменталните земји-кандидатки за членство.
На 12 декември конференцијата ќе се отвори со панел-дискусија на високо ниво, во врска со влијанието на проширувањето врз развојната соработка на ЕУ, по што утредента ќе се идентификуваат најдобрите практики и предизвици од гледна точка на различните акционери од новите земји-членки и земји-кандидатки и ќе се дадат препораки за подобра идна поддршка на меѓународните актери на развојот во земјите-кандидатки.
Повеќе информации околу конференцијата кај: Сабине Рехбицхлер, Адвоцацѕ+Нетњоркинг, Остерреицхисцхе ЕУ-Платформ, ентњицклунгсполитисцхер НГОс, Лаудонгассе 40, А-1080 Њиен, тел: 0043 (0) 1 405 55 15 - 329; факс: 0043 (0)1 405 55 19, или на електронската адреса: sabine.rehbichler@eu-platform.at , www.eu-platftform.at.
Т.Х.А. |