Петиција
Лекувањето е право, а не привилегија!
Македонската мрежа за намалување штети организира потпишување петиција по електронски пат, со цел да бидат отворени трите центри за третман на зависноста во Скопје, а обезбедена е финансиска поддршка од Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулозата и маларијата.
Како што се вели во повикот, во 2004 година Министерството за здравство на Република Македонија доби 6,3 милиони долари од Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулозата и маларијата. Овие средства беа наменети за заштита, третман, грижа и поддршка на пациентите од болестите на зависност. Со дел од овие средства, во Скопје требаше да се отворат три центри за лекување на зависноста со супституциска терапија со метадон. Но, центрите, и после три години, се уште не се отворени, а единствениот постоен центар за лекување на зависноста во Скопје е затворен за прием на нови пациенти. Во последните две години, 28 лица кои сакаа да се лекуваат и се наоѓаа на листата на чекање, починаа, чекајќи да им се даде таа можност - се вели во повикот.
Нагласувајќи дека обезбедувањето соодветен третман на зависноста од дроги, вклучувајќи ја и супституциската терапија со метадон, не е само потреба за борба против ХИВ/СИДА, туку и обврска за заштита на јавното здравје и обезбедување на правото на лекување (третманот со метадон е препорачан од Светската здравствена организација, се практикува низ Европа и многу успешно се спроведува и во Македонија), организаторите повикуваат да се потпише петицијата, на веб-страницата: њњњ.итпцру.орг/мк.
М.И.
|
|