Здружение на новинарите на Македонија
Обука за новинарите дописници
Здружението на новинарите на Македонија на 20 и 21 декември ја одржа последната обука за новинарите дописници.
“Барањето за одржување ваков тип обука стигна од регионалниот центар на Здружението во Струмица”, рече Викторио Јаковлески од ЗНМ. Колегите сметаа дека имаат проблем со атрактивноста на настаните надвор од Скопје. Бидејќи и другите регионални центри на ЗНМ го препознаа тоа како проблем, сметавме дека треба да организираме обука на која новинарите дописници ќе дискутираат за тоа како на посоодветен начин да ги презентираат настаните од местата од каде што известуваат за да бидат тие атрактивни за уредниците на националните медиуми”, додаде тој.
Обуката ја водеа новинари кои подолго време работат како дописници или уредници одговорни за дописничката мрежа во нивниот медиум. Со обуката беа опфатени новинари од сите региони каде што ЗНМ има регионални центри - Струмица, Штип, Битола, Охрид, Тетово и Куманово. Обуката ја посетија над 100 новинари.
Г.Ј.
|
|