ГМО
НВО кампања “Залакот назад!” против ГМО
“Фриендс оф тхе Еартх Интернатионал”, “Ацтион Аид Интернатионал” и уште четири големи НВО ја започнаа кампањата “Го враќаме залакот: Рацете настрана од нашата храна, СТО!” Целта на оваа кампања е да се подигне свеста за ефектите од производите ГМО и да се стави под контрола нивното ширење на светските пазари. Досега се собрани потписи и добиена е поддршка од повеќе од 350 групи и повеќе од 60000 поединци од целиот свет. Помеѓу првите потписници на петицијата се и многу поддржувачи на граѓанското општество, како на пример Надбискупот Дезмонд Туту и Сузан Џорџ. Ако сакате да се приклучите на кампањата и да ја потпишете петицијата која е достапна на девет светски јазици, посетете ја посебната веб-страница посветена на кампањата: http://bite-back.org/
Т.Х.
|