Со чоколадите Милка до компјутери

Слаткото задоволство обезбеди донација за 70 училишта

Производителот на чоколадите Милка, Крафт Фудс, во сора­бо­т­ка со  официјалниот увозник и дистрибутер во Република Маке­до­нија - ТД НЕЛТ СТ, оваа пролет, преку акцијата “Компјутери за основците”, донира компјутери во 70 основни училишта во Македонија, како придонес во зголемување на нивото на обра­зо­ванието на најмладите. Компјутерите се наменети  за мо­ти­ва­ци­ја на учениците во нивното користење како неисцрпен из­вор на училишно и дополнето знаење, но во најмала рака и ка­ко играчка. Акцијата се одвиваше во текот на март, кога по пет де­нари од продажбата на секоја чоколада Милка беа внесувани во фондот за купување компјутери. Крафт Фудс на почетокот про­гнозираше дека ќе бидат собрани 25.000 евра за купување компјутери за 50 училишта, но граѓаните покажаа поголем интерес и беа купени допонителни 20 компјутери. Училиштата на кои директно им беа донирани компјутерите беа избрани според  финансиската состојба, бројот на училиштата во на­се­ле­ното место и географската ло­ка­ци­ја. Предност имаа училиштата без или со мал број компјутери, но и со најголем број ученици, како и учи­лиш­тата со незавидна финансиска состојба. 

Дополнителните компјутери ги до­би­ја училиштата за деца со специјални потреби, училишта од градови кои не беа опфатени со акцијата, како и училиштата со голем број ученици од руралните подрачја.            

К.Б.