Глобална мрежа - ХРЕ
Образование на полето на човековите права
Започна со работа Глобалната мрежа - ХРЕ за информирање и застапување која промовира учење и обука на полето на човековите права. Членството е слободно за сите организации кои ја поддржуваат Универзалната декларација за човековите права и работат на полето на образованието и обука во рамките на човековите права. Целите на ХРЕ се: промовирање размена на информации меѓу своите членови; поддржување размена на добри практики во спроведувањето образовни активности и обуки; застапување за образование и обука на полето на човековите права во сите сектори, како што се бара во Светската програма на Обединетите нации за образование на полето на човековите права.
Формуларите за пријавување преку интернет можат да се најдат на www.hrea.org . |
|