ФОРУМ НА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО: Фондација Институт отворено општество – Македонија
Тема: Младите и другоста: аспекти на културната (де)контаминација
Категорија: Панел Датум: 22.11.2003 Час: 15:30-17:00 Сала: В
Воведничари: Иван Џепаровски, Филозофски факултет, Скопје (Младите и сакралното), Васко Карангелески – НВО Балкан Идеја (Улогата на младинските организации), Слободанка Марковска, Филозофски факултет, Скопје (Другиот во наставата), Славица Арсова, Унија на средношколци на Мекедонија (Мулиетнички клубови), Сена Ариф, Филолошки факултет, Скопје (Деца, родители, наставници), Ѓукаш Кабаши, студент на Правен факултет Претседавач: Гзиме Старова, ФИООМ
Краток опис на темата: Ученичките протести во последниве два месеца доведоа до нарушување на меѓуетничките односи. Но, тие се само манифестација на подлабоката исклучивост по етнички, јазични и културни основи, вкоренета во македонското општество. Тоа го покажуваат и релевантни истражувањата на степенот на културна “контаминација” кај наслението во РМ. Покрај од политичките фактори, соодветен, а можеби и пресуден одговор треба да произлезе од образовните институции и од граѓанскиот сектор. Преку овој форумски настан ќе се направи обид да се одговори на прашањата:Колку младите се контаминирани со непознавање, предрасуди и отпор кон другоста (етничка, јазична, културна...)? Дали омразата и насилството се последица на непознавањето или на политичката манипулација? Како да се споделува просторот на живеење, работење, учење без омраза, туку со вклучување? Како наставниот процес и граѓанските здруженија влијаат врз почитувањето на културни различности?
|