Улична изложба во Штип

Фер услови за жените кои ја облекуваат Европа

На први октомври, точно напладне, на пло­­­­штадот “Слобода” во Штип беше от­во­ре­­­на уличната изложба под наслов “Фер ус­лови за жените кои ја облекуваат Европа”, каде беа презентирани 8-те ме­­ѓу­на­род­ни стандарди што се однесуваат на работните права на жените - ра­бо­тнички во конфекциската индустрија.

Ста­нува збор за регионален проект во кој­што учествуваа организациите од Македо­ни­­ја (ППЦ Штип, “Сонце” од Тетово и “Дел­та” од Делчево), од Србија и Црна Го­ра (“Фелиситас” - Белград, “Ужички центар за човекови права” - Ужице и “Центарот за демократски вредности” - Лебане) и од Бугарија (ЖАР - Софија, Синдикатот „По­ткрепа” - Дупница и ИКАР - Хасково). На граѓаните коишто ја посетија из­лож­ба­та им беа делени флаери, разгледници, бро­­шури за „Кампањата за чиста облека - ССС”, како и маици и освежувачи за прос­­тории со мотото на  кампањата, а бе­ше организирана и наградна игра во ко­ја­­­­што граѓаните требаше да утврдат како е прес­метана платата на една ра­бот­ничка.

За жал, велат организаторите,  никој не ус­­­пеа да ја направи пресметката.

Ор­ганизаторите беа изненадени од фак­тот дека и покрај лошите временски усло­ви, изложбата ја посетија околу 500 гра­ѓа­ни од општината Штип, кои пополнуваа и ис­­праќаа разгледници со свои пораки на ад­реси на институции за коишто мислат де­ка можат да помогнат во остварување на работните права на жените работнички во конфекциите низ цела Македонија. Беа пополнети и испратени 180 разгледни­ци коишто ППЦ Штип ќе ги препрати до ад­­ресираните институции.

К.Б.