Подобрување на можностите за студирање

Лицата со посебни потреби добија автобус

Во Македонија не е лесно да се биде студент, парти­ци­па­цијата за високо образование што мора да ја плаќа секој студент е превисока, нема соодветни просторни услови за изведување на наставата, речиси нема струч­на литература на мајчин јазик... Но особено не е лесно да се биде студент и да се има некаков хендикеп. Не е лесно бидејќи, покрај претходно споменатите отеж­ну­ва­ч­ки услови, постојат и голем број други бариери кои го отежнуваат, па дури и неретко, целосно го попре­чу­ваат студирањето на овие лица. Имено, поголемиот број од факул­тет­ски­те згради се делумно или целосно непристапни за лицата со телесен хендикеп, воопшто нема стручна литература од ниту една научна област преведена на Браева азбука, нема обез­бе­ден конти­ну­иран преведувач на гестовен јазик, нема сервис од пер­со­нални асистенти итн.

Но, од 16 март 2004 година, студентите со хендикеп ќе имаат една бариера помалку. Здружението на сту­ден­ти­те со посебни обра­зовни потреби, во соработка со гра­дот Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие „Ско­пје”, обезбеди автобус кој е целосно адаптиран за пристап на лицата со хендикеп и кој ќе биде наменет за превоз на студентите со посебни потреби и нив­ни­те при­дру­жни­ци од домовите до сите факултети и назад, но истиот ќе можат во иднина да го користат и сред­но­школ­ците со хендикеп. Превозот е бесплатен и ќе функционира секој работен ден од 07:30 до 09:00 часот, и попладне од 13:00 до 14:30 часот.

Со ова значително ќе се подобрат можностите за сту­ди­ра­ње на лицата со хендикеп, бидејќи токму патот до факултетите и на­зад беше мошне тешка или непре­мост­ли­ва бариера за повеќе од 20 студенти со посебни потреби.     Д.С.