Програма “Живо наследство”

Форум за културен туризам

Фондацијата Институт отворено општество – Македонија на 7 октомври 2004 година организира Форум “Искуства и предиз­вици за развој на културниот туризам во Република Македонија”. Форумот е дел од активностите на Програмата “Живо наследство” која работи на развојот на малите заедници преку ресурсите од областа на културата, а која ја спроведуваат ФИООМ и Фондацијата Крал Бодуен од Белгија.

Форумот го отвори ми­нис­те­рот за економија на РМ, Стевче Јакимовски. Целта на форумот е да овозможи размена на искуства и на информации за проектите кои се спроведуваат во оваа област во нашата држава. Претставени се ис­куствата од проектите на “Живо наследство”, про­ектот “Развој на општините и културата” на Министерството за култура на РМ и Светската банка, и Кластерот за туризам, поддржан од УСАИД.

М.И.