СОЖМ

Подготовка за локалните избори 2004

Сојузот на организациите на жените на Македонија (СОЖМ) и неговите членки во Пробиштип и во Велес на 26 јули годинава организираа семинари кои претставуваа подготовка за локалните избори 2004.

Семинарот во Пробиштип беше со наслов „Жените на локално ниво прават разлика“ го посетија 21 жена од Пробиштип и од Злетово. Обучувачките, Савка Тодоровска и Јована Тренческа, ги запознаа учесничките со состојбата во РМ во поглед на половата еднаквост и половата анализа во Пробиштип, а беше потенцирана и потребата од здру­жување и соработка помеѓу граѓанските организации и женските форми од поли­тичките партии. На семинарот беше про­мовирано Македонското женско лоби во Пробиштип кое има за цел подобра орга­низираност и подобар квалитет на живеење на жената во Пробиштип.

Во Велес, на семинарот „Жените имаат свое значење на локално ниво“ акцентот беше ставен на реализираните активности на Пактот за стабилност – ГТФ во земјите на регионот на Југоисточа Европа и импле­ментација на првите дела од проектот, односно на „Жените тоа го можат ++ и ИИ“, со излагање на Мира Трајковска, национален координатор на Пактот за стабилност (Ра­ботна група за полова еднаквост). На крајот од семинарот беа донесени неколку заклу­чоци: да се зајакне соработката меѓу гра­ѓанските организации, синдикатот и меди­умите; да се формира македонско женско лоби во Велес, како и комисија за полова еднаквост; да се спроведат позитивни акции за поголема репрезентативност на жените во телата на одлучување, поголема вклученост во политиката и во јавниот живот.
 

Д. М.