Владимир Е. Трајковски, Институт за дефектологија

Монографија “Аутизам”

Монографијата „АУТИЗАМ” од авторот Владимир Е. Трајковски, Институт за дефектологија при Филозофскиот факултет Скопје, е прво издание од ваков вид во Македонија. Таа претставува прв обид за покомплексно проучување на етиологијата и епидемиологијата на проблемот аутизам.

Книгата е наменета за дефектолози, доктори по медицина, психолози, социјални работници, психијатри, невролози, педијатри, епидемиолози, имунолози, а може да послужи и како учебно помагало за студентите на Институтот за дефектологија и Институтот за психологија при Филозофскиот факултет и студентите од Медицинскиот факултет во Скопје.