Институт Отворено општество

Академска програма за стипендирање
Академската програма за стипендирање (АФП) за академската година 2006/2007, со краен рок за аплицирање до 23.03.2007,  има за цел да придонесе за реформирање на високото образование во источна Европа и Евроазија, како и да помогне во изградбата на академски мрежи на локално, регионално и глобално ниво. АФП се фокусира како на едукативните институции, така и на поединечните научници преку две програми: Програмата за стипендирање за враќање на научниците (РСФП), која им помага на универзитетите во регионот да ги задржат младите надежни научници кои се од извонредно значење за ревитализација на катедрите и за одржливоста на реформите во високото образование во регионот и Меѓународна програма за стипендирање научници (ИСФП), која ги кани висококвалификуваните научници по општествени и хуманитарни науки од светот да предаваат и/или да даваат консултации на некои катедри на универзитетите во регионот. За повеќе информации и насоки за аплицирање, посете ја страницата на Опен Социетѕ Институте.

Давос, Швајцарија

Светски економски форум

Отворениот Форум во Давос, Швајцарија, се одвиваше од 25 до 27 јануари, паралелно со Годишното собрание на Светскиот економски форум, организиран од страна на Федерацијата на протестантските цркви од Швајцарија и Форумот. Дискусиите беа отворени за јавноста и нудеа можност за отворена дебата по прашањето за глобализацијата и последиците од неа. На Форумот се дискутираше за развојната помош, одржливата потрошувачка на енергија, мултикултурното општество, религиите и брендовите. За повеќе информации, одете на Њорлд Ецономиц Форум. Лице за контакт: Сара Сафар, постар програмски менаџер, на адресата ssa@weforum.org.

Универзитет од Џорџтаун, УСАИД

Програма за стипендирање за Источна и Централна Европа

Програмата за стипендирање за Источна и Централна Европа (ЕЦЕСП) за академската година 2006/2007, стипендија во САД, обезбедува образование и обука за лидери, експерти, администратори и менаџери од новоформираните демократии во Источна Европа. Во изминативе години, ЕЦЕСП им помагаше на земјите од Централна Европа да ги достигнат стандардите потребни за интеграција во Европа. Во моментот, програмата е активна во Албанија, во Бугарија, во Македонија и во Романија. Учесниците во програмата ги развиваат своите вештини за трансформирање и реструктуирање на своите посткомунистички општества и економии. Програмите на ЕЦЕСП се состојат од долгорочни можности за  образование и обука, како и од програми за краткорочна стручна обука, достапни во САД. За повеќе информации, ве молиме посетете ја страницата на: Георгетоњн Университѕ: Еаст Централ Еуропеан Сцхоларсхип Программе. Лице за контакт: Кристофер Ширли, Е-маил: cied@georgetown.edu.

Волонтерска програма на ОН за развој

РИВЕР СИ Балкан 2007

Програмата на ОН/УНДП, РИВЕР СЕЕ, има за цел да ја развие регионалната доверба, како и да создаде поцврсти врски помеѓу народите и владите од балканскиот регион. Нејзина главна цел е да се придонесе за регионална интеграција, социјална кохезија и намалување на сиромаштијата на Балканот со зајакнување на на мрежите преку размената на волонтери „ист то ист” (Еаст-то-Еаст), унапредување на волонтерството и проактивно граѓанство. Програмата претставува единствена регионална соработка на УНВ/УНДП, која ќе биде коимплементирана со партнери, како ЕУ/ЕВС, ВСО УК, СЕЕИН, ОнеВорлд СЕЕ, кои обезбедуваат лидерство, техничка и финансиска поддршка, како и 14 имплементирачки партнерски организации од седум земји/региони на Балканот кои ќе бидат одговорни за спроведување на волонтерските активности на ниво на соодветната земја/регион, како и за односите со волонтерите и граѓанското општество и вклучените волонтерски организации. За повеќе информации, одете на: УНВ/УНДП РИВЕР СЕЕ, Волунтеер Субсцриптион Форум. Апликациите постојано се разгледуваат. Лице за контакт: Никола Тјеци (ntiezzi@nndp.ba) или Фатима Смајловиќ (fsmajlovic@undp.ba).