Нов проект на Проактива

Велосипедска мапа на град Скопје

Здружението на граѓани Про­ак­тива подготви велосипедска мапа на град Скопје во која се означени постојните вело­си­пед­ски патеки, како и оние што се предвидени во урба­нис­тич­киот план, а кои во иднина тре­ба да се изградат. Вело­си­пед­ската мапа ќе можат да ја имаат заинтересираните до­кол­ку го купат најновото из­да­ние на списанието Тин шема во кое мапата ќе биде објавена на сре­д­ни­те страници. Велосипедистите можат да ги погледнат легалните па­те­ки по кои можат да возат и на веб-страницата на Проактива њњњ.проактива.орг.мк. Изработката на мапата е дел од проектот на Проактива наречен Интегрален пристап за решавање на сообраќајните проблеми од одржлив развој, кој е поддржан од Регионалниот центар за животна средина преку фонд обезбеден од Канцеларијата за европ­ска помош за соработка при Европската комисија.                                                                   

 К.Б.