Панел: Намалување на невработеноста преку подобрување на пристапот до финансските услуги
Организатор: Македонска развојна фондација за претпријатија
 
Во Македонија постои некоординираност меѓу чинителите на претприемништвото 

Неопходна е потребата од обука за давање на кредитни услуги но и обука на самите кредитобаратели

На панелот “Намалување на невработеноста преку подобрување на пристапот до финансиските услуги”, организиран од Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) присутните воведничари Јорде Јакимовски (Институт за социолошки и политичко –правни истражувања), Снежана Андова (штедилница “Можности”), Владимир Сарач (Агенција за поддршка на претприемништвото), МузаферТаири (Агенција за подршка на претпријатијата ЕСА), и воведничарката Гордана Попсимонова се осврнаа на актуелната состојба во Македонија на полето на можностите за кредитирање, информираноста на населението, проблемите со кои се среќаваат малите и средните претпријатија и искуствата кои ги имаат досега сумирано државните, инстаници и здруженијата на граѓани. Општ е заклучокот дека во земјава постои некоординираност и некоопретивност меѓу Владата и здруженјата на граѓани во подршка на претприемаштвото но и дека е неопходна обука за давање на кредитни услуги, како и обука на самите кредитобаратели. Д-р Јорде Јакимовски ги презентираше добиените сознанија за пристап на населението до финансиските услуги и кредити, преку направеното истражување меѓу граѓаните во урбаните и руралните подрачја, при што ги истакна добиените сознанија, дека економскиот статус на испитаниците најзначајната детерминанта за добивање на бараниот кредит, но и дека невработеноста е најголемата пречка. Според резултатите граѓаните најмногу се одбивани поради некомплетна документација, работодавците поради неприфаќање на понуденото обезбедување, а пензионерите поради ниска пензија. Граѓание не бараат кредити се вели во презентираното испитување најмногу “поради немање потреба од кредит” но и поради кредитната неспособност, високата каматна стапка на кредитите, долгата постапка за нивно добивање, големиот број на документи кои се бараат и др. Најголем дел од испитаниците изјавиле дека имаат пристап до информациите и условите за кредитирање. Во препораките кои произлегуваат од направеното истржаување за ширење на продуктивното вработување меѓу другото се: давање на приоритет на програми кои директно промовираат пораст на вработување, воведување на стабилни политики за мобилизирање на заштеди, отстранување на пречки со кои се соочуваат ранливите категории на населението и омекнување на условите кои ја обесхрабруваат приватната иницијатива, како и промовирање и јакнење на програми за обука заради полесно и продуктивно користење на кредитите. Снежана Андова ги презентираше актуелните можности на микрокредиирањето во Македонија, пренесувајќи и искуства од Франција. Таа потенцираше дека 2005 е “Година на микрокредитирање” за што од 18 ноември во светот веќе се реализираат одредени активности, во кои голема улога имаат здруженијата на граѓани и во таа смисла таа ја потенцираше улогата на панелот во отпочнување на тој процес и во Македонија. “Микрофинансирањето- изјави таа, има огромна улога во намалувањето на сирмаштијата и зголемувањето на вработеноста, а негова основна предност е што нуди еднаков пристап скоро до сите целни групи. Во Македонија недостасува институциопнална подршка, одредени законски олеснувања но и заедничка координација на државните инстанци, банките, граѓанските организации во приближување и успешно реализирање на микрокредитирањето кај населението. Мизафер Таури говореше за стекнатото искуство на полето на развојот на малите и средни претпријатија преку работата на Центрите за поддршка на пртепријатијата. Тој нагласи дека Македонија треба да се фокусира на развој на овие претпријатија, преку Центрите за подршка , да им се обезбеди знаење, нова технологија на работење, поголеми можности за кредитирање, давање на совети, обука за деловен менаџмент. Како неопходно тој го нагласи и непреченото циркулирање на информациите и пристапот до претставниците на малите и средни претпријатија, како и подобрувањето на законската регулатива. “Неопходно е да се пренесат информациите за работата на овој вид претпријатија и проблемите со кои тие се среќаваат до централната власт, за да се менува односот на државата кон нив. Ние сега имаме 8 Центри но сметам дека не ја постигнавме потребната соработка со државните инстанци. Недостига институционална подршка за развојот на овој сегмент во Македонија” нагласи Таири. И Владимир Сарач ја потенцираше потребата од поголем и поцелосен увид во состојбата во Македонија и проблемите со кои се среќава населението во областа на кредитирањто, како и потребата од поголема обука на дел од чинителите во сложениот процес на надминување на невработеноста во земјава. Сарач најави дека Агенцијата ќе обрне поголемо внимание на обука, но и на неопходната работа на терен за да се согледаат состојбите на лице место во земјава. Исто така, како следна активност на ова поле, најави и формирање на Опсерваторија која континуирано ќе прави анализи на состојбите, како и формирање на еден национален државен гарантен фонд, но и локални фондови од таков вид, за подобрување на пристапот до финансиските инструменти. Александар Стојановски претседател на Здружението на земјоделските производители ја нагласи потребата критериумите за кредитирање да бидат прилагодени на потребите на граѓаните, намалување на сегашната каматна стапка, а информираше и дека преку активности на Здружението може да се скрати патот на кредитобарателите до потребните банки.