ЛУЃЕ: МАРТИН МАРТИНОСКИ

Еднаш извидник - секогаш извидник!

Во рубриката “Луѓе” претставуваме поединци активни во граѓанскиот сектор во Маке­донија, но и надвор од неа. Целта ни е да ги претставиме не само од аспект на про­фесионалното ангажирање, туку и како индивидуи со посебни интереси, афинитети и размислувања; да ги приближиме до пошироката јавност, а преку нив да го популаризираме и поттикнеме граѓанското ангажирање во Македонија. Овој пат, ви го претставуваме г. Мартин Мартиноски, ак­тивист во здружението ОХО од Скопје.

ПРОФЕСИОНАЛНО ИСКУСТВО: Скоро година и половина професионално работам во ОХО како проект координатор и имплементатор на проекти од областа на развојот на демократијата и цивилното општество во Македонија.

АНГАЖИРАЊЕ ВО ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР: Уште од мал сум извидник (еднаш извидник, секогаш извидник), а останатите ангажмани се во други иницијативи од областа на културата.

ХОБИ И ИНТЕРЕСИ: Од скоро почнав да практикувам аикидо.

АМБИЦИИ: Да станам самурај.

НАЈТЕШКА ОДЛУКА: Се уште не сум ја донел.

ВО СЛОБОДНОТО ВРЕМЕ ЧИТА: Меѓународна економија.

КАДЕ ОДИ ВО СЛОБОДНОТО ВРЕМЕ: На добар концерт. Последниот беше Асиан Дуб Фоундатион.

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДИТЕ: Се релаксирам и учам, а понекогаш одам во Струга на домашна рехабилитација.

КОЈ НАЦИОНАЛЕН/ЛОКАЛЕН ПРОБЛЕМ ГО СМЕТА ЗА ОСОБЕНО ВАЖЕН И ЗОШТО?
Недостаток на долгорочна визија кај до­машните политичари за развој на маке­донската држава.

КОЈ ГЛОБАЛЕН ПРО­­­БЛЕМ ГО СМЕ­ТА ЗА ОСОБЕНО ВА­ЖЕН И ЗОШТО?
Глобалното затоп­лување, кое доколку про­должи со ова темпо, многу ќе го промени нашето при­­­родно опкру­жу­вање а со тоа и до­сега стекнатите ус­ло­ви на живот.

ШТО БИ ПРОМЕНИЛ ВО МАКЕДОНИЈА И ВО СВЕТОТ?
Во Македонија пред с$ свеста кај граѓаните, дека се наоѓаме во едни по­инак­ви услови од оние што биле пре­т­ходно и де­ка е потребно рационално при­фаќање на новите вред­нос­ни кри­те­ри­уми кои се при­сут­ни во со­вре­мениот свет де­нес.
Во светот би го променил односот на големите транснационални компании кон планетата Земја.

НИКОГАШ НЕ БИ МОЖЕЛ: Да се откажам од следење вести.

СОВЕТ/ПОРАКА: Доколку секој си ја гледа сопствената работа, многу полесно ќе го најде и заедничкиот интерес со другите.