Оглас
Курсеви на МЦМС во месец октомври
Македонскиот центар за меѓународна соработка е организација на граѓанското општество што работи во областа на одржливиот развој, градењето на свеста и социјално–хуманитарната помош.
Трансферот на знаења и вештини преку обука и консултаци е основна компонента во сите програми на МЦМС уште од неговото формирање во 1993 година.
Во програмите: Градење на капацитетите на граѓанските организации (ГКГ) и Оспособување на заедниците и институциите (ОЗИ) во месец октомври, 2004 год., МЦМС ги организира следниве курсеви:
|
Обука |
програма |
време на одржување |
краен рок за пријавување |
цена на обуката (МКД) |
| Институционален развој и организациско јакнење |
ГКГ |
4-9 октомври |
29 септември |
20.000,00 |
| Раководење со човечки ресурси |
ГКГ |
20-22 октомври |
14 октомври |
10.000.00 |
| Стратешко планирање |
ОЗИ |
27-29 октомври |
15 октомври |
9.500,00 |
Услови
- За сите 3 курсеви патните трошоци од местото на живеење до местото на одржување на курсот се на сметка на учесниците.
- За обуките: „Институционален развој и организациско јакнење и “Раководење со човечки ресурси“ можат да конкурираат членовите на граѓанските организации во Р. Македонија со можност за покривање на 90% од цената на курсот од страна на МЦМС.
- Претставниците на единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) и месните/урбаните заедници во партнерство со граѓанските организации можат да конкурираат само за обуката „Стратешко планирање“. Претставниците на урбаните заедници имаат можност да конкурираат за покривање на 90% од цената на курсот, додека претставниците на руралните заедници можат да конкурираат за покривање на 100% од цената на курсот од страна на МЦМС.
Содржина на курсевите
Институционален развој и организациско јакнење
Основна задача на раководителите и поискусните членови во организациите е да работат на развивање на сопствената организација, а со тоа да влијаат и на другите организации во секторот. Примена на концептот на инстиуционален разој и организациско јанење (ИР/ОЈ)е основа за успешена, ефикасна и ефективна организацијата.
Цели на курсот:
- Стекнување практични знаења и вештини за раководење, стратешко планирање и менаџирање на промени во граѓанските организации;
- Развивање на свесноста за организацијата и нејзините елементи, како и за нејзиното место во надворешното опкружување.
По завршувањето на курсот ИР/ОЈ учесниците ќе стекнат знаења, вештини и ставови за
- примена на алатките на организациска и институционална анализа (СВОТ-анализа, СОР-матрица);
- раководење со граѓанска органзиација;
- примена на концептот на инстиуционален развој и органзиациско јакнење во секојдневното работење.
Профил на учесници: членови/ки на раководството во граѓанските организации.
Раководење со човечки ресурси
Најдрагоцениот ресурс на една оганзација се луѓето (жените и мажите) во неа. Успехот на организацијата најчесто се должи на посветеноста, ентузијазмот, мотивираноста и професионалноста на оние кои работат во неа.
Раководењето со човечки ресурси е клучниот момент во менеџирањето со организацијата. Успешниот менаџер знае да “извлече” максимум од своите вработени, активисти волонтери
Цели на курсот:
- Стекнување практични знаења и вештини за раководење со човечките ресурси (обезбедување, регрутирање, мотивирање на персоналот);
- Примена на моделот на раководење со човечки ресурси како клучен дел од менаџирањето на организацијата.
По завршувањето на курсот Раководење со човечки ресурси учесниците ќе стекнат знаења, вештини и ставови за;
примена на алатките за Раководење со човечки ресурси (опис на работно место, интервју за вработување, оценка на работните достигнувања); значењето на водството и тимската работа во раководењето со човечките ресурси во организациите. Профил на учесници: членови/ки на раководствата на граѓанските организации.
Стратешко планирање
Основна задача на раководителите во ЕЛС и поискусните членови во локалните здруженија на граѓани е да работат на развивање на сопствената институција/организација, а со тоа да влијаат и на другите институции/организации во секторот. Стратешкото планирање е основа за успешен развој на ЕЛС/организацијата.
Цели на курсот:
- Стекнување практични знаења и вештини за изработка на стратешки планови во ЕЛС и граѓанските организации;
- Развивање на свесноста за институцијата/организацијата и нејзините елементи, како и за нејзиното место во надворешното опкружување.
По завршувањето на курсот Стратешко планирање учесниците ќе стекнат знаења, вештини и ставови за:
- примена на алатките на организациска анализа (СВОТ-анализа, СОР-матрица);
- значењето на стратешкото планирање за успехот на институцијата/организацијата;
- процесот на изработка на стратешки планови.
Профил на учесници: вработени во раководството во институциите (единици на локална самоуправа, месни/урбани заедници) и членови/ки на раководствата во граѓанските организации. Пријавувањето е на партнерска основа помеѓу нив, односно задолжително е заедничко пријавување на 2 претставника од институциите и 2 претставника од граѓанските организации кои доаѓаат од иста општина.
Пријавување:
Обрасците за пријавување можат да се добијат во просториите на Македонскиот центар за меѓународна соработка , или на веб-сајтот www.graganskisvet.org.mk,
Пријави (во Ворд-формат)
Лица за контакт: Кренар Кука kkk@mcms.org.mk
Димче Митрески dmt@mcms.org.mk
Тел.: 02/3065-381
|