Белешки за авторите
 

Сунчица Саздовска е родена во 1970 г. во Скопје. Вработена е во Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од 1998 како соработник на проект во Програмата за цивилно општество, а од декември 1999 година е раководител на одделението за граѓанско општетсво. Досега има работено на повеќе програми за развој на граѓанското општетсво во Македонија кои имаа за цел институционално и организациско јакнење на граѓанските организации. Пред својот ангажман во МЦМС има работено на повеќе истражувања спроведени од Државниот завод за статистика на Република Македонија.

Жаклина Ѓорѓевиќ е родена во 1974 година во Скопје, каде завршила основно и средно образование. Дипломира на Интердисциплинарните студии по новинарство на Правниот факултет во Скопје, а во моментот студира на постдипломските студии по меѓународно право и меѓународна политика на истиот факултет. Работи како новинарка во Утрински весник уште од неговото основање.

Лилјана Алчева (1970) е ангажирана во граѓанскиот сектор од 1994 година, прво како активист во еколошкото друштво Вила Зора во Велес, потоа како член на тимот на локални обучувачи во рамките на  Институтот за трајни заедници и како обучувач во Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Моментално работи во УНДП , Програма за развој на Обединетите нации, на проекти поврзани со Милениумските развојни цели и намалување на сиромаштијата во Р. Македонија.

Посетува постдипломски студии по менаџмент на човечки ресурси во Институтот за социолошко-политичко правни истражувања.

За време на нејзиното аматерско и професионално ангажирање во граѓанскиот секотор, организирала и учествувала во голем број активности за заштита на животната средина, дизајнирала и испорачала огромен број курсеви за граѓанските организации, локалната самоуправа и претприемачите, учествувала во неколку организациски и програмски евалуации и напишала голем број текстови објавени во списанието Граѓански свет.

Александар Николов е роден во 1979 година. На полето на социјалната одговорност на бизнисите се ангажираше во текот на студиите на Економски факултет – Скопје. Светската банка му додели признание за извон­реден придонес на глобалната Конференција на идните лидери на тема корпоративна оп­штес­твена одговорност и е коавтор и коуредник на публикација на истата тема. Заедно со трој­ца свои колеги организираше јавна презентација за доближување на концептот за пошироки одговорности на бизнисите до македонската јавност и до донесувачите на одлуки во сите сек­то­ри. Како претставник на младите на Конференцијата на Светската банка за засилување на нама­лу­вањето на сиромаштијата, во мај 2004 во Шангај, претстави акционен план за ко­ристење на рам­ката на корпоративната општествена одговорност за изградба на коалиција, меѓу младите и де­ловниот сектор, посветена на заедничкото добро. Своето знаење на оваа тема го сподели со вра­ботените во компаниите кои се членки на македонската мрежа на Глобалниот до­говор на ОН, во склоп на пионерска обука за македонскиот деловен сектор на полето на општествената од­говорност.

Виолета Бончаноска родена е во 1976 год. во Скопје. Дипломирала на катедрата по Општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Има објавевено авторска книга поезија и книжевни критики во периодиката. Застапена е  во 2 поетски антологии. Има работено маркетинг, продажба и проектен менаџмент во компании од дејностите маркетинг, издаваштво и ИТ. Неколку пати престојувала во Виена на стручно усовршување. Во моментов ги завршува постдипломските студии по менаџмент на Економскиот факултет во Скопје.