ИРАК
Директорката на “ЦАРЕ Интернатионал” киднапирана во Ирак
Маргарет Хасан, Директорка на канцеларијата на “Згрижување” (ЦАРЕ Интернатионал) во Ирак е киднапирана во Багдад, на почетокот на втората недела од октомври. Таа била нападната од непозната вооружена група на пат кон работното место. Досега не е воспоставен контакт со киднаперите, а организацијата го прекина привремено своето дејствување во Ирак. “ЦАРЕ Интернатионал” е една од најголемите независни светски организации за помош и развој, која дејствува во повеќе од 72 земји и работи во Ирак преку санкцискиот режим на ОН под раководство на М. Хасан. Таа е досега настариот (највозрасниот) хуманитарен работник киднапиран од страна на милитантни групи. Претходно, двајца италијански хуманитарни работници беа ослободени под слични околности.
Т.Х
|