РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦИ
Црна година за новинарите
Меѓународното здружение на репортери и новинарите, “Репортери без граници”, го издаде извештајот за 2003 година која е оценета како “црна година” за новинарите. Според извештајот, минатата година беа убиени 42 новинари, а се зголеми и нивото на насилство врз претставниците на оваа професија. Поточно, во 2003 година беа уапсени најмалку 766 новинари, најмалку 1.460 беа физички нападнати, а најмалку 501 медиум беа цензурирани.
За споредба, во 2002 година, беа убиени 25 новинари, уапсени 692, физички нападнати 1.420 а 389 медиуми беа цензурирани.
Во првиот месец од 2004 година, ова Здружение регистрира дека во затвор низ светот се наоѓаат 124 новинари.
М.И.
|