Промоција во Битола

“Како се трошат буџетските пари”

Неколку невладини организации од Македонија во Битола на 4 март ја промовираа публикацијата „Како се трошат буџетските пари”, проект поддржан од меѓународните организации УСАИД и УНИФЕМ.

„Потребата од еден ваков начин на дејствување на невладиниот сектор произлезе заради неконзистентноста по ова прашање, односно недоволната транспарентност во буџетската политика во земјава”, изјави Наталија Спасовска, координатор на проектот. Публикацијата е изработена во пет тематски анализи и врз основа на претходно истражување.

„Граѓаните се несоодветно информирани за одредени теми и проблеми и за начинот на финансирање на соодветните кампањи. Таков е случајот со кампањата за подигнување на свеста за образованието”, предочи Спасовска.

МИА