НВО И СОВЕТ НА ЕВРОПА

Правила за партиципативниот статус на меѓународните НВО во Советот на Европа II

 

Процедура за доделување партиципативен статус
10.  Генералниот секретар ќе има листа на МНВО со партиципативен статус во Советот на Европа.

11.  Секоја МНВО којашто сака да влезе на оваа листа треба до генералниот секретар на Советот на Европа да поднесе три примероци од апликацијата, на француски или на англиски јазик, по можност и на двата официјални јазици на Советот на Европа. Апликацијата треба да ги содржи следните документи:
а. Статутот на МНВО;
б. листа на организациите-членки со француски или англиски превод на името на овие оганизации, како и приближен број членовите на секоја од тие орга­низации;
ц. извештај за активностите во претходните две години;
д. изјава дека ги прифаќа принципите изнесени во статутот и другите основни текстови на Советот на Европа;
е. официјален формулар за аплицирање во којшто јасно ќе појасни:
- зошто аплицира за партиципативен статус во Советот на Европа;
- како смета дека ќе придонесе и ќе учествува во активностите на Советот на Европа (како што е изнесено во нејзините тековни програми на актив­ности);
- на кој начин смета дека може да даде таков придонес (студии, извештаи, претходна работа во засегнатите полиња, експертиза на членовите на организацијата во соодветните области, итн.);
- каква практична соработка е веќе остварена со соодветните оддели на Советот на Европа;
- со какви средства и пред каков аудиториум би ја претставила работата на Советот на Европа.

12. Одлуката да и се додели партиципативен статус на некоја МНВО ќе ја донесе генералниот секретар на Советот на Еропа и ќе се базира на гореспоменатите критериуми. Генералниот секретар исто така може да ги земе предвид главните приоритети на програмите на активностите на Советот на Европа, како и можното проширување на МНВО во дадениот сектор на дејствување.

13. Генералниот секретар ќе ја соопшти листата на МНВО на кои тој/ таа има намера да им додели партиципативен статус на Комитетот за врски на МНВО, којшто ќе мора да го даде своето мислење најдоцна два месеци по најавата на генералниот секретар

14.  На истекот на тој временски рок, одлуката на генералниот секретар ќе подложи на премолчено одобрение од страна на Министерскиот комитет, Парламентарното собрание и Конгресот на локалните и регионалните власти. Оваа одлука ќе биде придру­жена со имињата на соодветните МНВО, со оние предмети од релевантните досиеја коишто се неоп­ходни за оценувањето на секој случај, причините за предлозите на генералниот секретар ќе се додадат на листата, како и секој коментар добиен од Комитетот за врски. Во отсуство на каков било приговор заснован на условите изнесени во параграфот 15 подолу, споменатите МНВО ќе бидат додадени три месеци подоцна на листата на организации коишто уживаат партиципативен статус.

15.  За време на тој тримесечен период, член на Министерскиот комитет или десет членови од Парламентарното собрание од пет различни нацио­нални делегации, или десет членови од Конгресот на локалните и регионалните власти на Европа од пет различни национални делегации можат да бараат преглед на досието на секоја МНВО којашто апли­цирала. Во претходниот случај, ќе се изврши прегледот и ќе се донесе одлука да се додаде името на листата, а неа ќе ја донесе Министерскиот комитет. Во вториот случај, Министерскиот комитет ќе ја одложи својата одлука с$ додека не добие препорака од Парла­ментарното собрание или од Конгресот на локалните и регионалните власт на Европа, постапувајќи согласно извештајот од нивните надлежни комитети.


Одземање на партиципативниот статус

16.  Која било МНВО којашто е веќе на листата може да биде отстранета од неа од страна на генералниот секретар, доколку според негово/нејзино мислење:
а. организацијата не постапувала во согласност со своите обврски според правилата изнесени во параграфите 2 и 9 погоре;
б. таа е преставена два пати како резултат на здружување со поголема организација којашто работи во истото поле на дејствување и којашто е самата на листата;
ц. повеќе не врши активност којашто е дел од работната програма на Советот на Европа;
д. преземала активност којашто не е во рамките на нејзиниот статус, како МНВО.

За оваа цел, генералниот секретар периодично ќе ја прегледува листата на МНВО со партиципативен статус. Прегледот ќе се базира на извештајот којшто МНВО ќе го поднесуваат секои четири години. 

Во секој случај, генералниот секретар прво ќе ги информира МНВО за неговата/нејзината одлука да им го одземе партиципативниот статус со цел да им даде можност да ги претстават своите забелешки во рок од два месеци.

17. Образложената одлуката да се отстрани органи­зација од листата ќе ја донесе генералниот секретар на Советот на Европа во согласност со горенаведените правила.

18. Генералниот секретар ќе ја соопшти листата на оние МНВО на коишто тој/таа има намера да им го одземе партиципативниот стаус на Комитетот за врски за МНВО, којшто ќе го даде своето мислење. Комитетот за врски мора да го даде своето мислење најдоцна два месеци по соопштението на генаралниот секретар.

19. На истекот на тој временски рок, одлуката на генералниот секретар ќе подложи на премолчено одобрение од страна на Министерскиот комитет, Парламентарното собрание и Конгресот на локалните и регионалните власти. Оваа одлука ќе биде придру­жена со имињата на соодветните МНВО и неговите/нејзините причини за предлогот тие да бидат отстранети од листата на организации со парти­ципативен статус, како и сите забелешки добиени од Комитетот за врски. Во отсуство на каков било приговор заснован на условите опишани погоре во параграфот 15. Имињата на тие МНВО ќе бидат отстранети од листата по три месеци.

20. За време на тој тримесечен период, член на Министерскиот комитет или десет членови од Парламентарното собрание од пет различни нацио­нални делегации, или десет членови од Конгресот на локалните и регионалните власти на Европа од пет различни национални делегации можат да бараат преглед на досието на на секоја МНВО чие име им било соопштено. Во претходниот случај ќе се изврши прегледот, а одлуката да се отстрани името од листата ќе ја донесе Министерскиот комитет. Во вториот случај, Министерскиот комитет ќе ја одложи својата одлука с$ додека не добие препорака од Парламентарното собрание или од Конгресот на локалните и регио­налните власти на Европа, постапувајќи по извештајот од нивните надлежни комитети.

Различни препораки

21. Процедурите опишани погоре нема да го ограничат правото на телата на Советот на Европа да иницираат ации што се однесуваат на други МНВО за време на нивните процедурални правила.

Тие исто така не го спречуваат Секретаријатот на Советот на Европа да има предвид пректична ад хок соработка со други МНВО на секое поле од заеднички интерес.

22.  МНВО чија апликација е одбиена или која била отстранета од листата на организации со парти­ципативен статус може да поднесе нова апликација по две години од датата кога била донесена одлуката.

23. Сегашните правила стапуваат на сила откако ќе бидат усвоени од Министерскиот комитет. Од таа дата, консултативниот статус на МНВО ќе биде заменет со партиципативен.

24.МНВО коишто уживаат партиципативен стаус ќе треба да го поднесат својот прв извештај четири години по стапувањето на сила на овие правила.