Милиеуконтакт

Повик за учество на Годишната унгарска национална средба на еколошки НВО                                                          

Кога ќе ги споредите различните еколошки движења во Европа, ќе дојдете до заклучокот дека унгарското еколошко движење е без сомнение едно од најживите и најдемократски организирани движења. Постојат мрежи и коалиции на невладини организации кои работат по секакви прашања (на пр., сообраќај, енергија, велосипедизам, зелени телефонски линии, заштита на птиците, итн.) и по прашања ад-хок. „The Green Spider Network“ ги обезбедува електронската пошта и интернет-објектите за движењето.

Еден од поинтересните аспекти на еколошкото движење во Унгарија е нивната Годишна национална средба („ОТ“). ОТ се организаира уште од 1990 година, секоја година од страна на различна НВО или од група НВО од ист град. ОТ за 2004 ќе го организира ИТК во Хајдубошормени, град во североисточниот дел на Унгарија. За време на ОТ ќе се одржува дискусија на работната група, сесии на мрежите, како и пленарни дискусии и избори. Секоја НВО која ќе се пријави за ОТ, обично добива еден глас. Тој глас тие можат да го дадат за екологистите кои на пр. сакаат да станат членови на официјалниот советодавен Еколошки комитет на Владата.

За НВО од останатите земји од „CEE/NIS“ кои ги проучуваат начините на кои можат да се организираат, присуството на ОТ ќе претставува интересен настан. На пример, можат да се преведат правилата  за гласање, или пак да се организираат поединечни дискусии по прашањето како да се работи како вистинско движење. На овие сесии ќе присуствуваат гости од странство, како и некои унгарски активисти на НВО кои се директно вклучени во различните аспекти на соработка и мрежно работење на НВО. Понатаму, учесниците ќе можат да ја доживеат атмосферата на состаноците, да учествуваат во голем број сесии (ќе биде обезбедено толкување/превод) и што е исто така важно, ќе можат да се придружат на вечерните забави, со (унгарско) танцување и музика.

Демократската структура и различните гласачки процедури ќе бидат од големо значење за развојот на еколошкото движење во Македонија. Затоа, „Milieukontakt Oost – Europa“ би сакала да покани двајца претставници од македонските еколошки НВО да присуствуваат на Годишната национална средба на унгарското еколошко движење која треба да се одржи од 26 до 28 март 2004 година.

Учеството ќе биде особено интересно за оние претставници на еколошките НВО кои се или директно вклучени во националната мрежа и соработка на НВО, или пак размислуваат да основаат слични национални настани како унгарскиот ОТ. Кандидатите треба навистина да работат на оваа тема, за да можат да се здобијат со конкретни идеи од заедничките дискусии за време на одржувањето на ОТ и да видат како тие идеи би можеле да ги пренесат на нивното еколошко движење.

Сите заинтересирани активисти на НВО треба да пратат куса биографија (од една страница), заедно со мотивациско писмо во кое ќе ја образложат својата заинтересираност за учество на средбата во Унгарија. Милиеуконтакт очекува од претставниците на НВО да умеат да ја претстават својата организација и нејзините активности за време на ОТ. По враќањето во Македонија, од членовите на НВО ќе се побара да го споделат нивното искуство со останати македонски НВО на Националната стратешка средба 2004 која ќе се организира во мај 2004 година во Маврово.

Краен рок за аплицирање е 29 декември 2003, до 12 часот напладне.

Ако сакате да добиете повеќе информации за овој повик за учество, контактирајте со нашата локална канцеларија во Скопје.

Вашите пријави можете да ги испраќате до Локалната канцеларија на Милиеуконтакт во Скопје.
e-mail: mkoe@mkoe.org.mk
факс: 02/322-369