Доделени годишните награди на МИМ
Борис Георгиевски ја имаше најдобрата истражувачка сторија
Новинарот Борис Георгиевски од дневниот Утрински весник ја доби највисоката награда на распишаниот конкурс „Најдобра истражувачка сторија - 2007”, на Македонскиот институт за медиуми. Наградата му е доделена за текстот „Случајот Ибраим Сулејмани”.
Втората награда за новинарската истражувачка сторија под наслов „Бездомник наместо милионер - приказна за Идриз Идризи од Мала Речица” & припадна на Маја Блажевска од А1 телевизија, а третонаградени се новинарите Џелал Незири и Маријан Николовски за текстовите „По трагите на корупцијата во верските институции во Македонија”, објавени во весниците Факти и Вечер. Информативната емисија КОД на А1 телевизија доби плакета за исклучителен придонес во развојот на истражувачкото новинарство во земјава.
За наградите овој пат одлучуваа Александар Чомовски, уредник во А1 телевизија, Љупчо Поповски, главен и одговорен уредник на Утрински весник, Назим Рашиди, радиодописник на Би-Би-Си, Фатос Муслиу, извршен уредник во МТВ на програмата на албански јазик и Зоран Андоновски, одговорен уредник на Нова Македонија. На конкурсот учествуваа 38 новинари и редакции со 64 стории објавени во медумите минатата година.
К.Б.
|
|