Македонски институт за медиуми

Конкурс за две работни места

Македонски институт за медиуми објавува конкурс за две работни места со полно работно време:
- Тренинг координатор
- Соработник на проекти

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:

  • Високо образование
  • Активно познавање на англиски јазик  (говор и пишување)
  • Добро познавање на работа со компјутери (Microsoft Word, Excel, Power Point, Интернет.. .)
  • Државјанин на Р. Македонија

Посебни услови:

Тренинг координатор:

  • Минимум 5 години новинарско искуство
  • Одлично познавање на медиумската слика во Македонија
  • Искуство во организирање и водење обуки и различни видови програми
  • Способност за индивидуална работа и лидерство
  • Нагласена способност за тимска работа, координирање и раководење со група
  • Организаторски способности
  • Комуникативност, динамичност и флексибилност
  • Искуство во невладиниот сектор  ќе биде земено како предност

Соработник на проекти:

  • Минимум 3 години новинарско искуство
  • Одлично познавање на македонскиот, албанскиот и англискиот јазик (пишуван, консекутивен и симултан превод)
  • Одлично познавање на медиумската слика во Македонија, особено на медиумите што пишуваат/емитуваат на јазиците на етничките заедници
  • Искуство во канцеларско и административно работење, архивирање и коресподенција
  • Способност за индивидуална и тимска работа
  • Организаторски способности
  • Комуникативност, динамичност и флексибилност
  • Искуство во работење во невладиниот сектор ќе биде земено како предност

Пријавите со детална биографија (на македонски и англиски јазик) и доказ за исполнување на горенаведените услови, како и препораките од предходните работни места (по можност) кандидатите може да ги достават на следната адреса:

Македонски институт за медиуми
(за кое работно место се пријавувате)
Порта Буњаковец А2/1
1000 Скопје

Конкурсот трае до 20 ноември 2003.

Ве молиме без телефонски јавувања. Само кандидатите кои ќе бидат избрани за разговор ќе бидат контактирани.