публикации

НЕГОВОТО ВИСОЧЕСТВО ПЕНЗИОНЕРОТ

Неодамна излезе од печат публикацијата „Неговото височество пензионерот” на авторот Драги Аргировски. Како што и самиот автор вели, целта на публикацијата е да се афирмираат пензионерските активности и да се анимира власта и јавноста за соодветно решавање на нивните проблеми. Најголем дел од публикацијата е посветен на активностите спроведени преку Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија и на истакнатите активисти на оваа организација.

УЧЕНИЦИТЕ КРЕАТОРИ НА СОПСТВЕНОТО ЗДРАВЈЕ

И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ВО СВОЈОТ ГРАД Граѓанската организација „Јувентас” ја издаде брошурата „Учениците  креатори на сопственото здравје и животната средина во својот град”, во која се содржани приказни поврзани со проектни активности реализирани  во соработка со Одделението за образовние на Град Скопје.