Младинска акциска програма на заедниците - повик за поднесување проекти за широка соработка, обука и информации
„Action 5“ Мерки за поддршка (DG EAC 17/03)
Краен рок за аплицирање: 31 декември 2003
Преку овој повик за проекти, Комисијата ги поканува промотерите на проекти да ги поднесат своите апликации за европски проекти од пошироки размери под Младинската програма “Action 5”.
Преку Младинската програма, младите добиваат можност за мобилност и за играње активна улога во издградбата на Европа на третиот милениум. Таа има за цел да придонесе кон достигнувањето на "Европа на знаење" и кон создавањето европска арена за соработка во развојот на младинската политика, базирана на неформалното образование. Таа го подддржува концептот на доживотно учење и развој на способности и компетенции, кои промовираат активно државјанство.
Сите непрофинти организации и јавни тела кои имаат свое седиште во една од земјите вклучени во програмата и се наедно подготвени да развијат активности во согласност со целите на Младинската програма можат да аплицираат на горенаведениот повик.
Поради природата на повикот, проектите треба да бидат во времетраење од најмалку 18 месеци, со цел да се обезбеди одржливоста на активностите. Доколку е оправдано, максималното времетраење на проектите може да се продолжи до 3 години.
Проектите мораат да започнат помеѓу 1 јуни и 31 декември 2004 година. За повеќе информации посетете го веб-порталот: http://europa.eu.int/comm/youth/program/ingyo_en.html
|