Бизнис и бајки

Малку е веројатно светските лидери на денешницата да се согласат дека Протоколот од Кјото е добар

Во бајките лесно е да се направи разлика помеѓу доброто и злото. Во реалноста е поинаку. Она што за некого е во ред, за друг не е, па така најчесто, компромисот е единствениот избор. Луѓето са­ми­те треба да решат што е во ред, а што не е и да изберат по кој пат ќе тргнат. Протоколот од Кјото од Конвенцијата за климатски промени при Обединетите нации е цврст доказ за тоа.

Несогласувањата околу Кјото не треба да ја спречат итната акција против кли­матските промени

Активисти, научници и изготвувачи на политики од целиот свет, заедно со вла­дите на Европа, Јапонија и оста­на­ти земји потписнички го просла­вија 16 фе­вруари кога во сила стапи Про­то­ко­лот од Кјото како главно до­стиг­нување на заедничката добра вол­ја за заштита на светската клима. Протоколот од Кјо­то е добар за бизнис. Тој застапува еден нов глобален пазар на кредити од емисија на јаглерод-диоксид и ги изложува нај­новите технологии. “Потребен е закон за основање пазар, за потоа пазарот да до­несе ефикасност”, коментираше Џонатан Леш, претседател на Светскиот институт за ресурси. Европскиот трговски систем на јаглерод-диоксид, регулиран од страна на Кјото, би мо­жел да по­слу­жи како модел за светскиот, рече Леш.

Све­тската здравствена организација го поздрави стапувањето во сила на Протоколот од Кјото како еден вид златна можност за заштита на човековото здравје. Роберто Бертолини, директор на Специјалната програма за здрав­ство и животна средина при Ре­ги­о­налната канцеларија на Свет­ска­та здравствена организација за Евр­о­па, го нарече Протоколот од Кјото “мож­ност за директни здравствени при­добивки за денешните луѓе преку на­малување други опасности по жи­вотната средина, како што е на при­мер загадувањето на воздухот.

Но, здравиците со шампањско во Кјото не беа избрзан заклучок. Пред договорот да ја добие клучната ратификација од Русија, бе­ше фрлена сенка сомнеж во поглед на самиот ефект кој ќе го има Протоколот врз глобалната клима -  а не само врз Соединетите Аме­рикански Држави и Австралија, кои се жалеа дека тој би им на­штетил на нивните економии, додека за земјите во развој ќе претставува придобивка. Критички се огласи и еколошката заедница, од каде загрижени научници и организации велат дека она што го нуди Протоколот од Кјото е премалку и предоцна. Рајендра Пачаури, претседавач на Меѓувладината панел-дискусија за климатски промени (ИПЦЦ) рече на големата меѓународна конференција во февруари дека тој лично верува оти светот “веќе го дистигнал нивото на опасна концентрација на јаглерод-диоксид во атмосферата”. Весникот Индипендент го цитираше Пачури кој ве­ли дека широко распространетата загрозеност на коралните гребе­ни и брзото топење на арктичкиот мраз го довеле до заклу­чо­кот де­ка опасната точка утврдена од ИПЦЦ којашто треба да се од­бег­ну­ва, веќе е достигната.

Алексиос Антипас, аналитичар на политиката за животна средина при Универзитетот на Централна Европа од Будимпешта, гледа мно­гу недостатоци на Протоколот: “Кјото ја заклучува (запира) мо­менталната дистрибуција на моќ и богатство, па поради тоа има ма­ли шанси да ја добие поддршката од глобалниот Југ кој се стре­ми кон економски напредок”. Во март, Европскиот совет има на­ме­ра да ја утврди преговарачката позиција на Унијата за климатскиот режим по 2012 година. Повеќето земји-членки на ЕУ сакаат да отворат меѓународни преговори за иднината на Про­то­ко­лот од Кјо­то, со тоа што однапред ќе ги предложат квантитати­вни­те гра­ни­ци за емисија на штетни гасови по 2012 година, вели новинска­та служба на Енвироментал дејли (Environmental Daily).

Протоколот од Кјото е секако поволен за Централна и Источна Европа. Повеќето земји од овој регион се соочуват со емисија на штет­ни гасови под квотите од протоколот, кои се базираат на инду­стриските нивоа од 1990 г. Во моментот, регионот има нето-вишок емисиски кредити, кои ќе му дозволат да привлече готовина до­де­ка ја проширува својата индустриска база. Доколку се базира на обно­вливи извори на енергија и нови, чисти технологии, ова про­ши­рување би можело да го направи регионот светски лидер во убла­жување на климатските промени.

Промените во Централна и Ис­точна Европа се лекција за она што може да се стори во поглед на контрола и пре­ве­нција на загадувањето, ре­че Леш. “Се надеваме де­ка ре­зултатот не е следење на це­лата историја на контролата на загадувањето во САД или во Германија, туку дирек­тен чекор кон крајно ефикас­ни, високо­тех­но­лош­­ки средства за производство”, беше не­говиот коментар.

Се чини дека новите техно­ло­гии ќе бидат компромис помеѓу оние кои го фаворизираат и оние кои го критикуваат Протоколот од Кјото. На 24 февруари, претседа­те­лот на САД, Џорџ В. Буш, и германскиот канцелар Герхард Шредер, се согласија заеднички да развијат и да употребуваат почисти и поефикасни технологи за поддршка на одржливиот развој и на­ма­лување на емисијата на штетни гасови. Малку е веројатно свет­ски­те лидери на де­неш­ни­ца­та да се согласат дека Протоколот од Кјото е добар. Многу по­важ­но е тоа што тие се согласуваат дека кли­матските промени се ло­ши и дека мора одлучно да се дејствува за да се запрат и свртат тие во обратна насока. Бидејќи, за разлика од бајките, реалниот жи­вот нема секогаш среќен крај.     

 
Павел Антонов