МЦМС

Стандардни курсеви за граѓанските организации

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во програмата Градење на капацитетите на граѓанските организации организира основни курсеви за:

Стратешко планирање од 20 до 23 март, 2003
Планирање проекти од 24 до 26 март, 2003

Курсот Стратешко планирање трае 4 дена и учесниците ќе имаат можност да стекнат основни знаења и вештини за развивање стратешки планови во своите организации. Се препорачува учесниците да бидат раководители, членови на раководствата на организациите вклучени во планирање на  развојот на организацијата.

Курсот Планирање проекти трае 3 дена и учесниците ќе стекнат основни знаења и вештини за планирање и изработка на проекти во своите организации. Се препорачува учесниците да се дел од оперативниот персонал (соработници на проекти) директно вклучени во планирањето и спроведувањето на проектите во организациите.

За кандидатите кои се пријавуваат за учество на основните курсеви не е потребно да имаат претходно искуство во наведените области.

Цената на чинење на курсот Стратешко планирање изнесува 11.000 денари, а за курсот Планирање проекти 8.500 денари. Во цената се вклучени: обуката, материјалите за работа, сместување и храна за учесниците, вклучувајќи и освежување за време на паузите.

Курсевите ќе се одржат во хотелот  Сириус, Струмица.

Претставниците на граѓанските организации регистрирани според Законот за здруженија на граѓани и фондации имаат можност да конкурираат за покривање на 90% од цената на курсот, од страна на МЦМС.

Формуларите за пријавување можат да се подигнат во просториите на Македонскиот центар за меѓународна соработка, или на веб-страницата www.graganskisvet.org.mk.

Формулари (во Ворд формат):

Краен рок за пријавување е 24.02.2003 година (понеделник).

Лице за контакт:  
Валентина Чичева,
е-пошта: vch@mcms.org.mk
тел: 02/365 381