Мрежа за наследството на југоисточна Европа

Наследството како израз на индивидуалноста и различностите

Во регионот на Југоисточна Европа почна да функционира нова мрежа, наречена Наследството на Југоисточна Европа (Соутх Еаст Еуропеан Херитаге Нетњорк), која ја формираа дваесет здруженија активни во оваа област. Членки на Мрежата се: Движењето Мјафт (Тхе Мјафт!) и Албанската национална фондација од Албанија; Фондацијата Мозаик и организацијата Купрешка Висораван од Босна и Херцеговина; ЕС МА Нтише (ЕЦ МА Ндтѕсхе) од Косово; Фондацијата Институт отворено општество – Македонија и Македонското истражувачко друштво од Македонија; Експедитио (Еџпедитио) – Центарот за одржлив просторен развој и Нотар – Центарот за заштита и презентација на документарното наследство на Котор, од Црна Гора; Асоцијацијата за заштита на културното наследство  АРЦХ - ЛУК (АРЦХ – ЛУК) и Граѓанската асоцијација Субурбиум, од Србија; и, Фондацијата Културно наследство без граници (Цултурал Херитаге њитхоут Бордерс), од Шведска.

Овие здруженија одлучија да работат во партнерство, со цел да ги промовираат идеите и вредностите кои ги споделуваат. Членките на Мрежата го сфаќаат културното наследство како израз на личниот идентитет и на идентитетот на своите заедници. За нив наследството е исто така израз на различностите, како и извор за одржливиот развој на регионот. Културното наследство е извор и за градење на социјалниот капитал и кохезија на заедниците и простор за изразување на добрата волја и соработка меѓу луѓето. Своите разновидни ресурси, знаење и стручност, членките на мрежата ќе ги посветат на заштитата на единствената ризница на мултикултурното наследство, којашто регионот му ја дарува на човештвото.