погледи: Гоце Стојановски
ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР ЧЕКОР НАПРЕД ПРЕД ВЛАСТА И ПОЛИТИКАТА
Многу граѓански организации од земјата се стекнаа со меѓународен рајтинг и реноме кои треба и понатаму да се унапредуваат, а не заради субјективни слабости да се ослабнуваат нивните позици на меѓународен план, а со тоа, и Македонија да губи
Светот постојано се менува, глобализацијата придонесува за менувањето на многу закоравени погледи, посебно кон сфаќањето и практикувањето на власта. Светот во некои области с$ повеќе се интерегрира, а со тоа станува меѓузависен и неделлив за решавање на стратешките проблеми.Тоа беше причина за „рушење” на многу бариери, за движење на идеите и демократските процеси, партнерствата и зближувањата на народите преку нивните културни и економски вредности, кои доведоа до менување на политичките сфаќања и режими.
Во тој широк спектар на демократски процеси, посебна заслуга и значење имаат граѓанските организации - најпрво преку еколошките движења, развивањето и почитувањето на основните права на човекот, па с$ до воспоставување заеднички блокади за негативните појави и тенденции.Тука пред с$ се мисли на големите опасности за човештвото како што се општата загаденост на животната средина, уништувањето на озонската обвивка, појавата на опасните болести, ширењето на тероризмот и трговијата со луѓе, создавањето нови монополски центри и региони. На сите овие глобални процеси ниту Македонија не остана имуна и мораше во чекор да ги следи тие движења. Како резултат на транзициските процеси во регионот и во нашата земја се појавија голем број ГО, секоја од различни интереси и побуди на граѓанските групи. Тие се ставени во една правна рамка, која во себе содржи и многу лимитирачки фактори за нивното дејствување како граѓански здруженија.
Кои се мотивите голем дел од граѓаните да се определат во граѓанскиот сектор?
- Практикувањето на демократијата во изминатите 15-тина години покажа дека граѓанските групи се здружуваат за да избегаат од теснопартиските стеги и интереси, ограниченоста за искажувањето на креативниот дух, посебно на младите интелектуални групи. Едноставно широкиот спектар од можности да се дејствува и да се дојде до израз, овозможија формирање граѓански организации, кои се чекор понапред од партиските структури, во кои нема демократија. Сето тоа придонесе за создавање силни граѓански организации кои се наметнаа како неодминлив фактор во донесувањето многу важни политички одлуки и потези на власта. Шареноликоста на граѓанскиот сектор придонесе за реализација на безброј проектни идеи, движења со кои се решаваа клучни проблеми на национално ниво, во централните и локалните средини.
Со зајакнувањето на граѓанскиот сектор се изврши пресудна улога во Македонија во одреден временски период актуелните власти да мора да го почитуваат граѓанскиот интерес при донесувањето на многу важни закони и одлуки со кои се градеше граѓанското општество, се ублажуваа меѓунационалните тензии и недовербата.
На тој начин граѓанскиот сектор си го најде своето место во општеството, одигра важна улога во еволутивниот пат на политичките партии, а за тоа говори и промената на актуелните властодршци во различните мандатни периоди.
Актуелните политички состојби нема да се променат без активното вклучување на граѓанскиот сектор, а решавањето на клучните проблеми: невработеноста, организираниот криминал, корупцијата, спречувањето на трговијата со луѓе, намалувањето на бедата и сиромаштијата се само дел од областите во коишто која било власт нема да ги реши самата. Ваквите состојби бараат изнаоѓање начини за заедничко дејствување со рамноправен партнерски однос за да се добијат очекуваните резултати. Европа ќе знае да го цени тоа, во спротивно ќе добиваме негативни сигнали кои и понатаму ќе н$ држат на нејзината периферија. Од нас зависи кој пат ќе го избереме и колку долго ќе н$ води до крајната цел.
Решавањето на проблемите со организираниот криминал и корупцијата е предизвик и за граѓанскиот сектор, тука нема дилема дека треба конретно да се лоцираат нивните средишта и радикално да се менуваат работите. Иднината на граѓанскиот сектор треба да се гледа во неговата поголема флексибилност за дејствување, подготвеност и организираност во посочувањето на негативните страни од практикувањето на власта. За тоа има ресурси и потенцијали, но се зависи од нивното правилно насочување и искористување. Многу граѓански организации од земјата се стекнаа со меѓународен рајтинг и реноме кои треба и понатаму да се унапредуваат, а не заради субјективни слабости да се ослабнуваат нивните позици на меѓународен план, а со тоа, и Македонија да губи.
Можностите за дејствување на граѓанскиот сектор се големи, само треба да се користат за остварување на вистинските цели кои ќе донесат и вистински резултати. Граѓаните со право го очекуваат тоа, како од власта, така и од граѓанскиот секторот, нема други алтернативи, досега имаше премногу политиканство и драгоцено изгубено време.
Светот оди напред, не треба да бидеме на најниските скалила во многу сфери од животот на нашите луѓе. И ние географски & припаѓаме на Европа.
|
|