Роденден на две списанија

55 години Просветен работник, 3 години Порта 3

Две специјализирани списанија неодамна прославија свои родендени. Просветен работник одбележа јубилеј за почит - 55 години, додека Порта 3 наполни три години.

Просветен работник започна да излегува во 1953 година, како орган на Здружението на просветните работници на НР Македонија. Весникот започна да излегува во Скопје, каде и денес се наоѓа неговата редакција. Во над половината век излегување, преку ова периодично списание се унапредуваше просветната дејност и се актуелизираа многу проблеми поврзани со работата на просветарите и образованието воопшто. Весникот покрена дебати за новите образовни методи и програми, за европското образование, Болоњскиот процес, водедувањето на религиското образование...

Списанието Порта 3, единственото специјализирано списание за архитектура, градежништво и екологија кај нас, прослави три години излегување. Списанието во овие тру години стана форум за стручна расправа, полемики, новости и анализи на експертите во овие три области. Со исклучитечно богата и квалитетна содржина, тоа претставува прозорец кон новините и трендовите во спомнатите области во земјава, регионот и светот. По повод својот роденден. Порта 3 на овогодишното Биенале на македонската архитектура, организирано од Асоцијацијата на архитекти на Македонија, го промовираше и своето веб-издание: њњњ.порта3.цом.

М.И.