Оглас
Курсеви на МЦМС во месец декември: РПЦ и ВФ
Македонскиот центар за меѓународна соработка е организација на граѓанското општество што работи во областа на одржливиот развој, градењето на свеста и социјално–хуманитарната помош.
Трансферот на знаења и вештини преку обука и консултаци е основна компонента во сите програми на МЦМС уште од неговото формирање во 1993 година.
Во програмата Градење на капацитетите на граѓанските организации во месец декември, 2004 год., МЦМС ги организира следниве курсеви:
| Обука |
време и место на одржување |
краен рок за пријавување |
цена на обуката (МКД) |
| Раководење со проектен циклус |
20-24 декември |
5 декември 2004 |
17.500 |
| Вештини на фацилитација |
23-24 декември |
5 декември 2004 |
7.000 |
Услови
- Патните трошоци од местото на живеење до местото на одржување на курсот се на сметка на учесниците. - Членовите и раководството на граѓанските организации можат да конкурираат за покривање на 90% од цената на курсот од страна на МЦМС. * за потребите на курсот се користи професионална опрема, радио и ТВ-студија и материјали.
Содржина на курсевите
Раководење со проектен циклус
Раководењето со проектен циклус е основа на работата во секоја организација. Оваа обука ви нуди запознавање со следните методи: (ЦОПП) Целно ориентирано проектно планирање (како да ги идентификувате проблемите во заедницата и како да ги преобразите проблемите во цели кои сакате да ги постигнете); Логичка рамка која ги содржи основните елементи на еден проект, вклучувајќи ги и индикаторите како начин на мерење на (не)успехот на проектот; Алокација на ресурси, финансиска конструкција на проект; Набљудување и оценка на проект врз основа на показатели утврдени во логичката рамка кои ги развиваат самите учесници.
Добро испланираниот проект овозможува и негово успешно спроведување.
Цели на курсот: - Стекнување практични знаења и вештини за планирање проекти (логичка рамка); - Примена на методот „Раководење со проектен циклус во редовната пракса на организациите“.
По завршувањето на курсот Раководење со проектен циклус учесниците ќе стекнат знаења вештини и ставови за:
- примена на алатките и методите за проектно планирање, спроведување, набљудување и оценување (дијаграм на проблеми и цели, логичка рамка, индикатори);
- значењето на раководењето со проектен циклус во организациите;
- процесот на подготовка на проект, негово надгледување и оценување.
Профил на учесници: активисти/ки директно вклучени во планирањето, координацијата и спроведувањето на проекти во организацијата.
Вештини на фацилитација
Во секојдневниот живот и работата луѓето учествуваат на многу состаноци кои вообичаено завршуваат со бескрајни дискусии. Прашањето како да се намали загубеното време на бескорисните расправи е постојано присутно во секојдневната работа. Секој што учествува или води некаква дискусија, треба да ги познава основните принципи на фацилитацијата.
Цели на курсот: - Стекнување практични знаења и вештини за фацилитација и водење ефективни состаноци; - Примена на методот на фацилитација во редовната пракса.
По завршувањето на курсот Вештини за ефикасни состаноци учесниците ќе стекнат знаења, вештини и ставови за:
- примена на алатките за фацилитација (активно слушање, сумирање, повратени резултати, заклучоци);
- подготовка и спроведување квалитетни дискусии и состаноци;
- значењето на ефикасноста на дискусиите и состаноците во секојдневната пракса.
Профил на учесници: лица кои немаат или имаат мало искуство во водење дискусии и состаноци.
Пријавување:
Обрасците за пријавување можат да се добијат во просториите на Македонскиот центар за меѓународна соработка, или на веб-сајтот www.graganskisvet.org.mk.
Лица за контакт: Кренар Кука, kkk@mcms.org.mk тел.: 02/3065-381
|