МЦМС
Оглас: Основен курс за односи со јавноста
Македонскиот центар за меѓународна соработка во рамките на програмата Градење на капацитетите на граѓанските организации во Р. Македонија организира основен курс за „Односи со јавноста“.
Основниот курс „Односи со јавноста“ трае 3 дена и ќе се одржи во Скопје, во периодот од 7 до 9 мај, 2003 година.
На курсот учесниците ќе имаат можност да стекнат основни знаења и вештини за односи со јавноста и медиумите (презентација и презентациски вештини, интервју , прес-конференција и сл.).
Се препорачува учесниците да бидат раководители, членови на раководствата на организациите или лица задолжени за презентирање на организацијата во јавноста.
Цената на чинење на обуката изнесува 9.700 денари. Во цената се вклучени: обуката, материјалите за работа, сместување и храна за учесниците, вклучувајќи и освежување за време на паузите.
Претставниците на граѓанските организации регистрирани според Законот за здруженија на граѓани и фондации имаат можност да конкурираат за покривање на 90% од цената на курсот, од страна на МЦМС.
Обрасците можат да се подигнат во просториите на Македонскиот центар за меѓународна соработка, на веб-страницата www.graganskisvet.org.mk, или да се добие по електронска пошта, секој работен ден од 8 до 16 часот.
Пополнетите пријави треба да бидат доставени до МЦМС најдоцна до 23.04.2003 година.
Селектираните учесници ќе бидат известени по телефон.
Македонски центар за меѓународна соработка "Никола Парапунов" бб Скопје тел: 02/ 365-381; e-mail: kkk@mcms.org.mk Лице за контакт: Кренар Кука
|